Адвокатот Александар Тортевски, кој покрај професорката Мирјана Најчевска е еден од основачите на партијата ,,Твоја” синоќа во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 изнесе свое мислење за многу состојби во државата.
Тој ги критикуваше протоколите за угостителските објекти нарекувајќи ги идиотски и дискриминиторски, алудирајќи на оние кои пропишуваат на една маса да седат само луѓе од едно семејство.
–Се согласувам дека тоа е идиотска одлука, како мали Ѓокица замислува да функционира тоа, рече Тортевски.
Александар Тортевски ја коментираше и одлуката на Јавното обвинителство за крив ичната пријава која била поднесена против Реисот Сулејман Реџепи за за каните дека ако не му дадат пари, ова ќе биде Авганистан.
Тој ја оцени одлуката на ЈО како смешна, а го спомена и вицепремиерот Бујар Османи.
„Да видите само каква одлука Јавното обвинителство донесе. Таму го цитираат Бујар Османи кој го оправдува Реисот дека бил погрешно разбран. И сега излегува дека Бујар Османи е некој врховен арбитар во државава“, вели Тортевски.
Откако професорот Фрчкоски рече дека бил симпатизер на СДСМ, Александар Тортевски, пак, рече дека таа партија не му е омилена поради нивната мрзеливост.
„Мене ме загрижува таа мрзеливост, и затоа не ми е омилена партијата СДСМ. Тие се некако мрзеливи, само гледаат како да седнат на фотељите, да имаат добра пијачка…“, рече Тортевски.
Покрај СДСМ, за кој рече дека не му се допаѓаат поради тоа што се мрезиливи, Александар Тортевски во ја коментираше и ВМРО-ДПМНЕ.
„Се согласувам дека ВМРО-ДПМНЕ не знаат каде тераат. Сакаат да се оградат од Груевски, ама им се седи во белата палата.
Ако се оградат, тогаш ќе мора да седат во некоја мала канцеларија, затоа што Груевски и натаму има инсталирано свои луѓе таму. Имам впечаток дека се молат оваа пандемија со коронавирусот да земе поголем замав“, рече Тортевски.
https://www.youtube.com/watch?v=z78-UQDvoGM&feature=emb_title