Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, во интервју за ТВ 24 изјави дека Франција ја одобрила преговарачката рамка за С.Македонија и Албанија, која како нацрт беше донесена на 1-ви јули.
„Не само што ја одобривме, туку напорно работевме истата да биде усвоена. Како што знаете, ние одигравме значајна улга во подготовката на најновата методолигија, која сега се спроведува. Би било контрадикторно доколку не ја поддржиме рамката, особено што таа е делумно „наше дете“. Тоа дете го милуваме и затоа посакуваме сите одредби поврзани со владеењето на правото, кои го сочинуваат првиот праг од новата методологија да бидат практично спроведени. За да се постигне тоа, неопходно е продолжување на реформите, а осободено е значаен поимот „реверзибилност“. Глобално, Франција е задоволна од тоа што беше одобрено, затоа што сметаме дека е убаво да ги пречекаме нашите пријатели во домот“, вели Тимоние.