Како што пишуваат медиумите на албански јазик, последното издание на публикацијата „Веритас“ открива дека научните трудови на најмалку седум универзитетски професори, се плагијат или копија на веќе објавени дела.
Добро познатото списание „Веритас“ во една неодамнешна публикација откри обемно истражување за плагијат и копирање во научните дела на некои професори на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Тетово, како што се Неџбедин Беадини, Шеќибе Беадини, Албулена Беадини, Емира Беџети, Мирлинд Беџети , Дестан Халиди, Екрем Исмани и други.
Истражувањето на ова списание е обемно и многу детално, специфицирајќи ги сите делови од нивните дела што се копирани и објавени, како дела на предметните автори. Целосното истражување е достапно ТУКА.
„Почитувани студенти, почесни професори (вие кои сте заработиле научни и академски титули со заслуги), почитувани печатени и електронски медиуми, почесни водачи на државни институции и вие лидери на албански партии во позиција и опозиција
Ние, интелектуалната иницијатива за подобрување на квалитетот во универзитетското образование – NIRCAU, во текот на едногодишниот период март 2020 – март 2021 година, постојано реагиравме на неправилностите прикажани на Универзитетот во Тетово, особено на Медицинскиот факултет.”
Повеќе >> Слободен Печат