Секретарот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, не излегол да гласа во вториот круг од претседателските избори за да не биде погрешно разбран од своите поддржувачи.
Според градоначалникот на Гостивар, доколку излегол на 5 мај, сите ќе си помислеле дека својот глас го дал за Гордана Силјановска Давкова.
„Пендаровски победи, но загуби СДСМ. Ќе бидите дека СДСМ ќе изгуби повторно на избори, доколку не направи промени“, рече Таравари во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21.
Таравари и Алијансата за Албанците го поддржаа Блерим Река, кој загуби во првиот круг, а во вториот продолжија Силјановска и победникот Стево Пендаровски.
„Пендаровски победи, но загуби СДСМ. Ќе бидите дека СДСМ ќе изгуби повторно на избори, доколку не направи промени“, гласеше дополнителниот коментар на Таравари за претседателските избори.
извор: фактор.мк