Сите судии од Република Македонија, во текот на денот (среда 22 јануари) ќе гласаат кој да биде нов член на Судскиот совет од редот на судиите кои не се мнозинство во Република Македонија, на место на сегашниот член на Советот Шемседин Јусуфи, судија од Тетово, на кого му завршува 6 годишниот мандат.
На листата има двајца пријавени кандидати, скопскиот судија Артан Лимани од Граѓанскиот суд во Скопје и Ханиф Зендели судија од Апелацониот суд во Гостивар.
Гласањето трае до пред истек на работното време, а гласовите од сите судии ќе ги брои комисија која ја води врховниот судија Исамедин Лимани, а во чиј состав се судиите: Емилија Шопар Јованова од скопска двојка, Беким Мехмеди од гостиварска апелација, Владимир Туфегџиќ од скопска единица, како и Никола Јовановски и Исмаил Камбери, од невладини организции, избрани по пат на ждрепка, како новина што ја предвиде законот во неодамна донесените измени.
Судиите, за жал и овој пат, ниту се информирани, кој е кој од кандидатите, ниту знаат за кого ќе гласаат, туку ќекаат одредени сигнали кого да изберат.
-Не ги познавам ни едниот ни другиот. Ќе прашам за кого ќе гласаат другите, па така и јас – вели во разговор судијка од суд во внатрешноста на земјава.
Артан Лимани е судија во Граѓанскиот суд во Скопје, како кандидат од првата генерација судии кои ја завршија обуката во академијата за судии и јавни обвинители и кој има речиси 12 години судиски стаж. Судеше прво граѓански предмети, а последниот период и стечај. Пред неколку месеци беше кандиат и за претседтел на ОС Скопје 2, но, иако имаше најмногу поени од пријавените кандидати, Советот не го избра него, туку Илир сулејмани, кој беше претседател и во претходниот период.
Артан Лимани доаѓа од најголемиот суд во земјава и има реални шанси да биде избран за член на Судскиот совет. Но, не само поради фактот што ја очекува поддршката од матичниот суд, туку има и резултати.
За разлика од Артан Лимани, неговиот против кабдидат Ханиф Зендели е кариерист кој навикнат на шефување, тешко му доаѓа судиската функција, па бара уште еден мандат со шефовска позиција, наместо работа со судски предмети. Зендели ја почнува кариерата во тетовскиот катастар, па станува судија во скопска двојка во 2008 година и по неполна година работа како судија, станува претседател на ОС Тетово во 2009, а по 4 години шефување, во 2013 година добива нов мандат за претседател на тетовскиот суд. Во 2016 година посака да стане судија на Гостиварска апелација, и станува судија во кривичниот оддел, иако во животот не донел ни една пресуда од кривично. По 3 години како судија кривичар во Гостивар, му се здосади работата, па бара 6 годишен мандат во Судски совет.
Сумирано, Хаиф зендели има 4 години работа како судија, наспроти Лимани кој има речиси 12.
Веројатно судиите утре ќе ја спречат амбицијата на Зендели вечно да биде на шефовски позиции, слично како судијката од Виница Васка Петрова, која исто така е родена само за „шефовски позиции“.
Дополнително, Зендели е колега на осомничениот член на Судски совет Зоран Тееофиловски и еден од судиите со чиј глас Теофиловски се устоличи во Судски совет.
Доколку биде избран тој, во Советот само би се намножиле заштитниците на осомничениот за криминал Теофиловски.
Во ваква ситуација судиите се пред избор за кого ќе гласаат и дали сакаат да ги унапредува и разрешува човек кој бил во судница или кој решавал само судска управа, бидејќи Зендели во Тетово не смееше да суди, зашто не беше судија на тој суд.
Новиот член на Судскиот совет, веќе наредната недела на 27 јануари ако се создадат услови, треба да гласа за избор на судии во Апелациониот суд во Скопје, а може и за избор на судии во Врховниот суд, ако Советот ја заврши постапката за интервјуа за избор на тројца судии во Врховен.