По вчерашното интервју на Претседателот на Собрание на Р.Македонија, Талат Џафери, во кое објави дека наводно му се вршело притисок и дека тоа го сметал како обид за пуч, аналитичарот Суад Мисини се огласи на социјалната мрежа ФБ со свои предлози за разрешување на дилемите:
„1. Се моли СДСМ да не се обидува да прави пуч.
2. Се моли СДСМ Владата да донесе уредба за укинување на платите на пратениците, бидејќи спикерот на парламентот е јасен: од 16 Фебруари такви не постојат. Плус, да им се наплати назад мартовската плата, башка да се укинат апанажите. Средствата да се пренасочат во фондот за справување со кризата.
3. Се моли СДСМ да го укине надоместокот за партиите и нивните аналитички центри.
Тие 5 Милиони и 2-те милиони од пратенички плати и разни ф`стк надоместоци (сметано за 8 месеци, до изборот на наредните пратеници) – вкупно 7 милиони, ќе се согласите, ќе завршат огромна работа во справувањето со кризата.
Се моли СДСМ да повлече одговорен, државнички потез“
Линк од постот тука