Поранешниот полициски генерал Стојанче Ангелов истрела вербален рафал кон твитерџија што го искоментира неговиот повик кон „сите 10 члена на Достоинство“, како што се изрази тој, за присуство на денешната годишна конференција на партијата чиј лидер е.
На коментарот „Столе, ти ја кажа својата визија со поддршката за Северџанија. Инаку, знаеме дека СДС ќе ти даде утре присуство, немој да мислиш дека никој не знае“, националниот координатор за воени и полициски ветерани одговори:
Дел од лавината реплики потоа:
„А колкав гад треба да си за да си ја нарекуваш државата Северна?“;
„Стојанче ти молчи, сам свесно избра да бидеш Северџан од Северџанија. И немој да превртуваш тези сега. Можеш човечки да се покаеш и јавно да изразиш жалење, во спротивно товарот на Северџан ќе си го носиш цел живот. Твој живот – твои одлуки, твоја е Северџанија, наша е Македонија“;
„Каков генерал си ти кога си во коалиција со партија која го смени уставното име за да влезе во воен сојуз чии платеници те ранија 2001 во Арачиново? Па имаш ли ти мозок бе?“;
„Стојанче, сè убаво, но никако не ми е јасно зошто сè уште пишуваш Македонија, кога јасно и гласно си за Северна. Лицемерие ли е или полека полека гледаш крај на нешто кое го поддржуваш?“ – Забрането е? – „Не е забрането, ама е идиотски. Кога ѝ го смени името, сега не е повеќе Македонија. Можеш ти и Америка да ја викаш, можеш да тврдиш дека е членка на ЕУ, ама реалноста си останува дека не е ни Америка ни членка на ЕУ, туку идна членка на #МиниШенген“.