По објавата дека избори треба конечно да се одржат на 5ти јули, портпаролот на ДПМНЕ Арсовски го демонстрираше стравот од губење на тие избори со морбиден речник полн со омраза и клевети. Според него:
1.Спасовски и Заев се директно одговорни за секој еден заразен и починат од Ковид!!! ( А ДПМНЕ веројатно е заслужно за сите спасени и излегувани од вирусот).
2.Паметта (на Заев и на Спасовски) им е во тоа само како да седнат во фотељите!!! (Како да се сега Заев и Спасовски во опозиција).
3.Поопасно од заразата од Ковид е заразата од лудилото наречено Заев- Спасовски.
(Сталин имал обичај да ги смета за непријатели оние што се бореле против тоталитаризмот и ги праќал на робија. А оние што не верувале дека живеат во најдобриот можен општествен поредок ги прогласувал за луди и го праќал во “психушки”) ДПМНЕ веќе дели дијагнози.
4. Со одредување датум за избори ја втурнуваат државата во изборна кланица за време на која ќе бројат мртви а не гласови. (Грозен речник, морбиден)
5.Заев и Спасовски се џелати на својот народ. (Клевета грозна. Сега освен предавници се почестени со џелати, убијци.)
6.Одлуката за избори на 5ти јулу не само што е несериозна туку е морбидна, бездушна и нечовечна.
(Што е толку морбидно, бездушно и нечовечно ако ДПМНЕ ги изгуби изборите. Нема да му биде ниту прв ниту последен пат.) Или секоја одлука што не е по волја на уплашениот Мицковски е “морбидна, бездушна, нечовечна).
Со ваков речник ДПМНЕ како во најдобрите времиња од режимот на Груевски само ќе ја зголемува конфликтноста, омразата и поделбите кои секогаш водат кон пониска излезност на изборите. А потоа и за ниската излезност ќе ги обвинуваат оние што не ги прифаќале “генијалните” идеи што тие ги имале и давале.
Ако вистина веруваат дека ќе победат кога и да бидат изборите, прашањето е зошто не брзаат да се смени власта туку сакаат оваа власт, во која имаат министри и заменици без заслуга, да остане што подолго и таа да ја менаџира кризата.
ФБ статус на Ѓорѓи Спасов