Зошто пратениците од самораспуштеното собрание заради одржување на предвремени избори не реагираа на одуката на претседателот Пендаровски за донесување на вонредна состојба која тој сам ја донесе – дококу се сметале за легитимни, праша синоќа во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“, професорката Гордана Силјановска Давкова.
„Ние не чувме од овие пратеници претходно зошто претседателот да донесе одлука за прогласување на вонредна состојба кога еве ние сме легални и легитимни“, рече Силјановска – Давкова.
Таа истакна дека е точно дека во деловникот има одредба според која претседателот може да свика седница или пак седница може да побараат на парламентот 20 пратеници.
„Но седница на Парламент кој што е во заседание, а не на Парламент кој што се самораспуштил“, објасни професорката.
Силјановска Давкова рече дека ако пратениците функционираат, тогаш не може претседателотна државбата да носи одука бидејќи одлуката за прогласување на вонредна остојба е всушност одлука што ја носи Собранието.
„Е, сега не ми е јасно, мене не ми е јасен ни претседателот Ако тој сметал дека пратениците се легални и легитимни па како тогаш посегна самиот по донесување на одлука за вонредна состојба. Утре може некој импичмент да покрене за ова“, кажа Силјановска Давкова.