Градоначалникот Петре Шилегов на денешната прес конференција ја извести јавноста дека една од трите галии во Вардар ќе биде отстранета од Вардар, без тоа да предизвика финансиски трошоци за Градот.
-Започната е постапка за отстранување на првата галија од Вардар. Водевме сериозна постапка за отстранување на галијата без да има финансиска импликација за Градот. Сопственикот има рок од 30 дена да ја отстрани сам, или Градот тоа ќе го направи на негов трошок, рече градоначалникот Шилегов.
Градоначалникот Шилегов истакна дека безбедноста на граѓаните е на прво место, бодејќи имало сериозна опасност да ја загрози безбедноста на граѓаните, да се случи поплава.
-Дислокацијата на овој објект е втор што се отстранува, по споменикот на Чосето се надевам дека и во иднина ќе се создадат услови за отстранување на други објекти, рече Шилегов.
Оваа галија е во сопственост на Ниче Димовски Македон, шурата на екс градоначалникот Коце Трајановски
извор: фокус.мк