Коалицијата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ никогаш не беше прекината. Ова го изјави лидерот на Алијансата за Албанците, Зиjадин Села за весникот Лајм, после заедничките делувања на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ во обид да ги блокираат измените на Изборниот Законик.
Според Села, коалицијата помеѓу овие две партии била посилна на 27 април 2017 година, кога во Собранието беа нападнати пратениците.
– Коалицијата ВМРО-ДУИ не престана да функсионира никогаш. Беше пожива ноќта на 27 април. Ако имате предвид што се случи и кој не беше таму, или со кој беше претставуван. Таа коалиција функционираше, но не функционираше нивниот план на 27 април се да оди според планот на ВМРО и ДУИ , но коалицијата се уште постои, иако секако дека целиот режим ќе биде во опозиција – изјави Села.