ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ПРИКАЗНИ ЗА ГОЛЕМИ ДЕЦА (Втор дел)‼
(Мијалков, браќата Стајковиќ, Луковски, Камчев, Груевски, Ексико …)
/
Каква е спрегата на клучните луѓето од Македонскиот телеком, Фамилијата со МВР?
Откако се почна со објавување на „бомбите“ писмено беа информирани компаниите Дојче Телеком и Маѓар Телеком за случувањата во Македонија, од аспект на потенцијална вмешаност на раководните структури на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија во незаконско и неетичко однесување. Од објавените аудио докази се потврдуваат злоупотреби и прекршувања на законските и интерните процедури на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија.
Главниот оперативен директор на Т-Mobile и неизвршен член на Одборот на Директори на Македонски Телеком – АД Скопје, Жарко Луковски (сега покоен) ја започнува својата кариера во Македонски Телеком во ноември 2006 година.
Од 2006 година е член на Надзорниот одбор на МЕПСО. Луковски важеше за еден од најблиските луѓе на Сашо Мијалков со кого се во кумска врска од јуни 2014 година.
Краток преглед на биографијата на Луковски открива голема и не така случајна поврзаност со фирми и компании вмешани во сомнителни бизниси со оф-шор компании, тендери за владини проекти, медиуми и бизнис со телекомуникациска опрема и услуги.
Така на пример, пред да ја започне кариера во Македонскиот Телеком, Луковски од 1996-2000 е генерален директор на „МОБИКО Скопје“, а од 2003-2006 година е претседател на Управниот одбор на истата фирма „МОБИКО Скопје“.
На директорското место на фирмата „МОБИКО ДООЕЛ Скопје“ е Владислав Стајковиќ основач и сопственик на фирмата „НВСП ДООЕЛ“ која е сопственик на Агенцијата за обезбедување на имоти и лица „Секјурити Груп Сервисис (СГС)“, која се поврзува со Сашо Мијалков.
Владислав Стајковиќ се јавува и како прв сопственик на компанијата „ФИНЗИ ДООЕЛ Скопје“ на чија адреса е регистрирана фармата „Нет прес ком ДООЕЛ“ сопственик на порталот „Нетпрес“. Агенцијата „Секјурити Груп Сервисис (СГС)“ на Мијалков/Стајковиќ го доби милионскиот тендер од Луковски за обезбедување на објектите на Македонски Телеком – АД Скопје/
„МОБИКО ДООЕЛ Скопје“ раководена од Владислав Стајковиќ, односно Сашо Мијалков е овластениот сервисер на мобилни телефони на T-Mobile управуван со Жарко Луковски.
Владислав Стајковиќ претставен како директор на фирмата за информатика и телекомуникации МОБИКО ДООЕЛ Скопје, заедно со уште двајца е дел од надзорниот одбор на новата Државна видеолотарија основана од Државната лотарија на Македонија и австриска фирма.
Поврзаноста на луѓето и фирмите врзани во високо коруптивни бизниси не завршува тука.
Името на Небојша Стајковиќ (брат на Владислав Стајковиќ), кое многу малку, скоро воопшто не се спомнува во јавноста е можеби главната оперативна врска помеѓу T-Mobile на Жарко Луковски, бизнисите на неговиот брат Владислав Стајковиќ со Сашо Мијалков и злоупотребата на T-Mobile во аферата со неовластеното прислушкување.
Небојша Стајковиќ кој од 14 декември 2009 година (времето од кога неговиот брат раководи со „МОБИКО ДООЕЛ Скопје“, СГС и други фирми блиски со Мијалков и Луковски) е избран за неизвршен член на Одборот на директори на Т-Mobile Македонија АД Скопје.
Истовремено и во континуитет од 2006 година, тој ја извршува и функцијата
Помошник на Министерот за внатрешни работи за информатика и телекомуникации – Началник на Оддел за информатика и телекомуникации? Оваа функција и членувањето во Одбор на директори на доминантен телекомуникациски оператор е класичен пример на судир на интереси кој од аспект на аферата со прислушкувањето подлежи на кривична одговорност, но до денес никој не ја отвори како проблем.
Но, братската врска на Стајковиќ-и со Луковски и со Мијалков не застанува тука. Исто како и неговиот брат Владислав, така и Небојша од 1998-1999 година работи како систем администратор во фирмата на Луковски МОБИКО Скопје.
Во краткото претставување на членовите на Одборот на директори на Т-Mobile Македонија АД Скопје за Небојша Стајковиќ не се спомнува неговата актуелна функција во МВР, туку се истакнува неговото искуство во областа на информатичката технологија и системското инженерство и дека бил ИТ консултант на ТЕРТИА Скопје која и самиот ја спомнува во неговата биографијата (достапна на интернет).
Спомнува дека бил Советник на Министерот за информатички технологии и телекомуникации, мислејќи на поранешниот министер Иво Ивановски кој замина да директорува со телекомуникациска компанија.
Жарко Луковски во својата биографија навел дека од 2002-2003 година е Генерален директор на фирмата Comtrade, Скопје, за која постојат основани сомневања дека, е фирмата „Комтрејд Груп“ на српскиот Веселин Јевросимовиќ (бизнис партнер на Луковски), која во во 2009 година го доби тендерот за набавка на 55.000 компјутери за децата до трето одделение и наставниот кадар во основните училишта на Министерството за информатичко општество вреден 11,7 милиони евра.
Овој проект („Компјутер за секое дете“) никогаш не заживеа и покрај потрошените пари за реализација на приватен бизнис интерес на луѓе блиски до власта. Веселин Јевросимовиќ преку својата групација за информациски технологии „Kомтрејд“, купи 56% од акциите на „Фершпед“ во ТВ „Алфа“, за што платил 2,5 милиона евра.
Она што ги поврзува Жарко Луковски, Небојша Стајковиќ, Владислав Стајковиќ, Сашо Мијалков, Орце Камчев и Никола Груевски е секако оф-шор фирмата ЕКСИКО.
И Жарко Луковски и Небојша Стајковиќ во своите биографии наведуваат дека работеле во иста фирма Exico, Скопје, Луковски од 2002-2003 година како проект менаџер, а Небојша Стајковиќ од 2002-2006 година како главен менаџер (решенија за платежни системи, претставништво на FASY касови регистри и VeriFone POS терминали).
Небојша Стајковиќ својата образовна „надградба“ во периодот 2009-2010 година на трошок на МВР ја реализира на Бојовиот Европски Универзитет во Скопје.
Блиските реалации на браќата Стајковиќ-и со Сашо Мијалков, Луковски и Камчев ги рангира во врвот на доверливите спроведувачи и прикривачи на незаконските активности на власта.
Од позиција на сопственик на фирмата НВСП ДООЕЛ Скопје, Владислав Стајковиќ со помош на неговиот брат во МВР и Сашо Мијалков како нарачател, ги реализира коруптивните набавки на опрема.
Доказ за тоа се и податоците од изводите од Централниот регистар на РМ од кои може да се види дека приоритетна дејност на НВСП (покрај „Нетпрес“,„Радио Слободна Македонија“) е да врши трговија на големо со електронска и телекомуникациска опрема, а поседува и одобрение за вршење промет со оружје, муниција и делови за оружје издадено од Министерството за внатрешни работи. Одобрението за вршење на ваква дејност според законските и подзаконските акти за внатрешни работи издава министерот за внатрешни работи – во тој период Гордана Јанкуловска.
Ако се земат во предвид сите овие братско-братучедски-кумски релации на клучните луѓе кои управуваа/т со МВР, Т-Mobile Македонија АД Скопје и фирмите преку кои се набавува софистицирана телекомуникациска опрема, се опремуваат институции и нудат се телекомуникациски услуги во Македонија, тогаш е повеќе од јасно која е врската/улогата на овие луѓе на чело со Никола Груевски во аферата со масовното прислушкување на повеќе од 20.000 граѓани.
Дали е случајно спојувањето на Т-Mobile и Т-Home во нов бренд – Телеком 2015?
Дали е случајно спојувањето на Оне и ВИП во нов бренд – онеВИП со кој ќе управува новиот директор на Мтел – Иво Ивановски 2015 во третиот дел …