“ИСТРАЖИТЕЛИ” НА ВИЛМА ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ДИВЕРЗАНТСКА “ИЗОЛАЦИЈА” НА САШО МИЈАЛКОВ?
Се креира ли ризик “изолацијата на Сашо Мијалков и неговата температура над 40 степени“ да падне во заборав?
Ова го поставувам како јавна дилема од причина што од потрагата која покрена државна интервенција во материјално-технички и човечки ресурси по пријавата од Вилма Русковска и „нејзиниот лицен извор“, поминаа само седум (7) дена, а информации за оваа БОМБА од ОЈО нема.
Нагласувам дека, целокупната диверзантска операција на системот и државниот апарат го плаќаат даночните обврзници на оваа земја – граѓаните кои чекаат НЕКОЈ да гукне и да каже три реда ПАМЕТЕН муабет, за да го испере срамот што не снајде.
Воопшто не е важно тоа што во (се пореткото) медиумско известување СЕ НАГЛАСУВА „неправосилноста на пресудата за Сашо Мијалков“, „само 60 дена во притвор“ итн. Не, тоа не е важно, исто како што не е важно дали тој бил сам во ќелија и дали има безбедносен план во Шутка.
Важно е да се каже до каде е истрагата и да се нагласи дека, „ова чудо во три дена не може да помине за три дена“ и дека, јавноста е „сензибилицирана за инсталациите на режимското владеење“ и дека нема да дозволи да остане без одговори КОЈ Е ОДГОВОРЕН ЗА ДИВЕРЗИЈАТА НА СИСТЕМОТ во случајот со Сашо Мијалков, како што дозволи да остане без одговори КОЈ Е ОДГОВОРЕН ЗА ДИВЕРЗИЈАТА НА СИСТЕМОТ во случајот со Никола Гриевски.
Една АЛКА во тие оставштини од режимското владеење е Вилма Русковска која, да не заборавиме стапи на должност шеф на ОЈО за ГОКК само 3 дена по бегството на Груевски.
За јавен обвинител „кој марширал со Шарените за правда“, како што сака да нагласи таа во секое второ интервју, очекував ДА НЕ ГИ АМНЕСТИРА оставштините од режимското владеење, туку да ДАДЕ ОДГОВОРИ –
„Како побегна Никола Груевски?“,
„Зошто мижи-татара пред незаконското опремување на МВР со докажана пријава за очигледни фалсификати на половина претходна влада?“,
„Зошто стана подобна адреса за самопријавување на оставштините од режимското владеење?“ и
„Дали ТАА ќе ја скенира сметката од диверзанскиот есап за Сашо Мијалков по информација за бегство од „нејзин личен извор?“
Во вчерашниот статус изнесов факти што била должна, а што не направила Русковска во нејзината диверзантска операција околу „изолацијата на Сашо Мијалков“. Нема да се повторувам. Кој не прочитал нека чита тука:
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3971387836225774&id=100000637902363
Со оваа објава се надоврзувам на гимнаситиката со „изворот на Вилма“ , за да кажам два-три збора за гимнастиката со „истражителите на Вилма“ во операцијата „изолација на Сашо Мијалков“
Оваа анализа пак се врти околу одговорноста на „истражителот Лазе или обвинителот Вилма“ во филмот што го гледав по постапувањето по претставката за незаконскиот претрес во мојот дом во кој Дејан Андонов од внатрешна контрола се прогласи „за ненадлежен за испитување на законитоста на постапувањето на полициските службеници“ и оценката на законитоста ја префрли на Вилма Русковска.
Тогаш Деки од внатрешна кажа дека, „припадниците на правосудната полиција работеле по наредби на јавниот обвинител и за своето постапување одговарале пред јавниот обвинител“
Ако е така, убаво е да видиме/да слушнеме по чии наредби постапувале истражителите кои го „обезбедуваа“ Сашо Мијалков во ОЈО за ГОКК, односно не презедоа и по чија наредба?
➡️ Русковска на 23.02 за медиумите изјави:
„Откако е дојден беше обезбедуван од истражителите на ОЈО за ГОКК“
„Испрати порака преку други луѓе дека сака да се пријави исклучиво во ОЈО за ГОКК“
1️⃣ Кој ќе ја оценува законитоста на постапувањето на истражителите на Вилма Русковска и по каква наредба од неа постапувале
По „логиката“ на Дејан Андонов од внатрешната контрола на МВР, постапувањата на истражителите треба да ја оценува Вилма Русковска од која примиле и извршиле незаконска наредба
2️⃣ Дали истражителите (според КОД) кои го придружуваа Сашо Мијалков до и од ОЈО за ГОКК примиле и спровеле незаконска наредба од Вилма Русковска, односно заборавиле дека како овластени службени лица припадници на правосудна полиција биле должни да го лишат од слобода лицето кое се бара по потерница
Наместо да го лишат од слобода Сашо Мијалков и да го однесат во првата полициска станица или пред надлежен Суд за подигање на решение за куќен притвор , тие без преземање на задолжителни службени дејствија кон лице барано по потерница, примиле и извршиле незаконска наредба за спровод на Сашо Мијалков без статус до и од ОЈО за ГОКК од страна на Вилма Русковска
3️⃣ За што и по кој закон Русковска „преговарала“ со други лица за предавање на Сашо Мијалков „исклучиво во ОЈО за ГОКК“
Според истражувањата за емисијата КОД, синот на Сашо Мијалков остварил контакт со обвинителката Вилма Русковска и кажал дека, Мијалков сакал да се пријави исклучиво во ОЈО за ГОКК, по што таа обезбедила „алиби-дозвола“ од Љубомир Јовевски кој рекол дека „може да се предаде и кај нас“
Ако е ова така, а очигледно е дека е така, ја афирмирам неколку пати јавно изнесената дилема – зошто обвинителството со кое раководи Вилма Русковска и таа лично е посочуваната адреса на која треба да се самопријавуваат и да пријавуваат криминал ликови од типот на Мијалков и Камчев
Од каде е таа симпатија и доверба во која во нормална држава би се посомневал секој нормален
4️⃣ Дали Русковска спротивно на закон дала привилегирана положба на лице кое се бара по централна и меѓународна потерница за бегство и спречила лишување од слобода на лице од страна на истражителите под нејзина надлежност. Дефинитивно да Привилигираната положба Сашо Мијалков ја добил првиот момент кога син му добил одговор од Русковска на повикот за предавање, наместо пренасочување на повикот кон МВР за преземање на мерки за лишување од слобода на лицето за кое се распиша централна и меѓународна потерница.
Привилегијата е дотолку поголема што по тој повик таа издала незаконски наредби на истражители на ОЈО не за негово лишување од слобода, туку за негов безбеден транзит до зградата на ОЈО, како „превентива“ од можно професионално постапување на некој полицаец ако случајно забележал дека, бегалецот Сашо Мијалков се движи сам без придружба на овластени службени лица.
5️⃣ Дали „преговарањето за предавање исклучиво во ОЈО за ГОКК“, алудира на некаква заложничка криза во која со некого се преговара за да не направи или да направи нешто.
Преговори за самопредавање и договарање на услови за предавање во полициските постапувања има/имало само во случај на заложничка криза (киднапирања) и закани по живот на лица и добра во заложничка криза.
Зошто Вилма Русковска би прифатила да прими порака за предавање на Сашо Мијалков и да прифати да преговара за начинот на пријавувањето (во придружба на истражители на ОЈО) и местото каде тоа ќе случи (ОЈО на Вилма)
Дали обвинителката заборавила дека нејзиното ОЈО во овој случај не го води случајот за бегството на Сашо Мијалков и дека таа и „нејзиниот личен извор“ се пријавители на можното бегство.
Да заборавила❗Заборавила и дека со ова „преговарање“ таа директно се вмешала со ингеренциите на полицијата и начинот на која требаше да се постапи со лице барано по потерница. Се надевам вмешувањето е случајно.
5️⃣ Дали истражителите од ОЈО за ГОКК ќе бидат сослушани во истрагата за бегството и предавањето на Сашо Мијалков, односно дали ќе се испита чии незаконски наредби спроведувале.
Како што Русковска треба да биде почетокот и крајот на истрагата за бегството на Сашо Мијалков заради оневозможување да се проценува веродостојноста на „нејзиниот личен извор“ и „вистинитоста на информацијата“, така и истражителите кои извршувале нејзини незаконски наредби и работеле спротивно на своите полициски надлежности треба да бидат дел од истрагата за оваа диверзантска операција во која свесно или несвесно учествувале.
Има многу други прашања кои можат да се постават и за идентитетот на истражителите кои видовме го обезбедуваат Сашо Мијалков (без лисици на рацете), како на пример
„Дали припадник на шестата управа на МВР може да биде истражител во ОЈО за ГОКК“, но за тие и други прашања во следно писание.
Не знам дали овој статус во целост ќе се вклопи во една многу битна реченица искажана од прмиерот Зоран Заев денес на прес конференција, дека акцискиот план за борба против криминалот и корупцијата опфаќа ќе опфати и обврска „ … да ги открива коруптивните инсталации на режимското владеење“, но ќе си земам за право низ оваа реченица во иднина да ги поставам сите овие прашања, но и да прашам „до каде и до кого ДОПРЕА јавно објавените и пријавените случаи со докази за злоупотреби, криминал, корупција, судир на интереси, фиоки, тефтери итн“ за кои пишував, пишувам и ќе пишувам⁉️
Човек од збор, држи за збор. Но, за тоа од утре…