„Ако вие терате кампања каде што велите дека името не го давате, тиранска платформа, кантонизација, ќе ја спасуваме државата, во кого гледате потенцијал да коалицирате, во ДУИ или Алијанса за Албанците. Или пак со Левица, каде што во нивната програма пишува дека треба да се тргне името ВМРО, да го нема на ниту една политичка партија“, изјави Даниела Рангелова за отвореното студио на ТВ 24.
„Би сакала да можам да му кажам на членството дека ВМРО ќе направи влада, но тоа за жал е уште една голема лага која што ја пласира сегашното раководство на партијата. Се надевам дека ќе си ги согледаат грешките и ќе седнат и ќе се консолидираат“, вели Рангелова.
Таа тврди дека нема комуникација со ниту еден член од моменталното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
„Сите гледаат да се амнестираат од грешна политика и да се превземе одговорност. Никој не му кажал на Мицкоски дека погреши. Тој повеќе се занимаваше да собере незадоволни гласачи на СДСМ, т.н. „бранковисти“, отколку да се занимава со внатрешните редови и да ја консолидира партијата“, рече Рангелова.