За британскиот премиер се вели дека е „МЕСЕЧИНА МЕЃУ МАЛИТЕ ЗВЕЗДИ“ (luna inter stellas minores). Погодувате зошто? Заради ДОМИНАНТНИОТ СТАТУС во парламентарниот модел на поделба на власта, кој што добива карактер на кабинетски, па и ПРЕМИЕРСКИ. Имено, премиерот го има првиот и последниот збор во Downing Street 10, седиштетото на Кабинетот, некогаш и дом/живеалиште на премиерот! За останатите премиери во параламентарните, па и во мешовитите и полупретседателскитe системи, претседателот на владата е ПРВ МЕЃУ ЕДНАКВИТЕ, односно PRIMUS INTER PARES.
Македонскиот мешовит политички систем, во основа е парламентарен, со елементи на претседателски (непосреден избор на шефот на државата) систем, но и реликти од собранискиот (самораспуштањето на Собранието, наместо распуштањето, како вообичаено право на шефот на државата во парламентарните и мешовитите системи, вклучувајќи ги и полупретседателските (францускиот, на пример).
Значи, нашиот претседател на Владата е ПРВ МЕЃУ ЕДНАКВИТЕ. Она што го прави специфичен неговиот статус е ИМУНИТЕТОТ што го ужива, наспроти министрите, чиј имунитет, со право беше укинат со амандманот XXIII на Уставот. Инаку, истиот, час поскоро треба да се укине оти е непотребен и непознат феномен во демократските политички системи.
Членот 89 на македонскиот устав вели дека: Владата ја сочинуваат ПРЕТСЕДАТЕЛ и министри. И за правни лаици и за „учените“, е јасно дека нашиот устав не познава функција ВИЦЕ-ПРЕМИЕР или ЗАМЕНИК/заменици на премиерот, слично како и словенечкиот, на пример. Во ваква уставна ситуација, на првата седница на ВЛАДАТА, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ назначува кој од редот на министрите ќе го заменува во случај на спреченост. Тој/таа нема СВОИ ОВЛАСТУВАЊА, туку само по овластување на ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА може да презема активности ВО НЕГОВО ИМЕ.
На оваа линија е и Законот за Владата, во чиј член 16, став (1) пишува: „Претседателот на Владата, од редот на министрите определува заменици”, а во ставот (2) прецизира: „Претседателот на Владата може да им довери на замениците вршење на одделни работи што произлегуваат од неговите права и должностите“.
Каде е тука „правниот основ“ за „ПРВИОТ ВИЦЕ – ПРЕМИЕР“ со право на вето? НИКАДЕ, ама НЕМА ни ЕУ ДИРЕКТИВА ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ, па ДУИ и СДС си „го украсија“ ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ со европско знаменце, па наместо да и го врати на Владата за да ја „наведе“ директивата, која не постои, по што Законот ќе мораше да оди во редовна постапка на Комисијата за политички систем, старо-новиот претседател Талад Џафери, го прати кај Артан Груби, на Комисијата за европски прашања и во СКРАТЕНА ПОСТАПКА си беше донесен, иако НЕУСТАВНО и НЕДЕЛОВНИЧКИ, згора, без потпис на шефот на државата! Ама, ЧЕКАН станавме чекајќи го Уставниот суд, а тој молчи оти некои СУДИИ ТАМУ се партиски/лидерски избор!
Кога е во прашање одлучувањето во Владата, Претседателот е неприкосновен ПРИМУС, што е видливо од членот 20 од Законот за Владата. Имено, во став (1) на истиот пишува: „На своите седници, Владата одлучува СО МНОЗИНСТВО ГЛАСОВИ од ЧЛЕНОВИТЕ НА ВЛАДАТА“, а во ставот (2) стои: „Во случај кога на седницата на Владата при гласањето се добие еднаков број гласови, ЗА ДОНЕСЕНА СЕ СМЕТА ОДЛУКАТА ЗА КОЈА ГЛАСАЛ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА”!
Каде е тука основот за КО(СО)ОДЛУЧУВАЊЕ на Претседателот и божемниот „ПРВ ВИЦЕ- ПРЕМИЕР“??? Во главата на „КРЕАТОРОТ“. Да потенцирам дека нашиот устав не познава ни функција ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ/И на Владата, иако често „слушаме“ дека ТАКВИ „има“?!
Денес се шири баукот дека новиот министер за ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ И МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, АРТАН ГРУБИ ќе бил „ПРВ ВИЦЕ-ПРЕМИЕР“, без чија согласност ќе немало ВЛАДИНА ОДЛУКА. Не знам дали да се СМЕАМ, ИЛИ ДА ПЛАЧАМ, ама во оваа ЗЕМЈА „БУДАЛИЈА“ или „ ЛУДОРИЈА“, што нема , не само да чуе, туку и да доживее човек, кој четири децении предава КОМПАРАТИВНО УСТАВНО ПРАВО И СОВРЕМЕНИ ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМИ и ПОСТОЈАНО се чуди на „ИНОВАЦИИТЕ“, особено кога бил ментор на член на ДУИ кој ДОКТОРИРАЛ на тема за НАРУШЕНОТО НАЧЕЛО НА ПОДЕЛБАТА НА ВЛАСТА, кој сигурно ЗНАЕ што МОЖЕ, А ШТО НЕ МОЖЕ, според македонскиот Устав, но и што има/нема во компаративните уставни системи! Ама, кај што има СИЛА, нема УМ! Ако е историја „ТРОЈЦА АЛБАНЦИ – МИНИСТРИ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ“, тогаш „ИСТОРИЈА“ ЌЕ БИДЕ и ПРВ КО- ПРЕМИЕР!
Јас пак сметам дека е потребно преполовување на бројот на министерствата, а првото што треба да се укине е токму „Министерство за политички систем и меѓуетнички односи“. Такво министерство нема на планетава земја, а камоли во ЕУ државите. Впрочем, која е надлежностa на најголемото министерсто во Владатата, со дури 1406 „вработени“, преземени од “Секретаријатот за Рамковен договор“, кои не доаѓаат на работа, а на нив се трошат дури 9 милиони евра годишно!! Во прашање е виртуелно ОМНИБУС, „алтернативно министертсво“.
Имено, сите министерста покриваат процеси, односи и институции кои се дел од политичкиот систем: локална самоуправа, образование, здравство, екологија, социјална заштита, меѓуетнички односи.
По соочувањето со Ковид 19 си велам: да не е во прашање научен проект на ДУИ , врзан за РАБОТА ОД ДОМА, како антиципација на нужната адаптацијата на можна пандемија? Признавам, се покажа дека ДУИ е способно за DOING на невозможни потфати!
Се покажа дека се работи за „Министерство за НИШТО, или ЗА ЗАСЛУГИ“, оти првиот министер Хазби Лика не одеше на работа со месеци, а во времето на вториот, Садула Дураки нема ниту една активност, освен што конечно осамна веб страницата!
p.s. Верувам дека “ГАЛАМАВА ЗА ПРВ ВИЦЕ-ПРЕМИЕР“ со право на вето е пробен НОВИНАРСКИ БАЛОН, ама многуте „политички“ лудории во ПОТРАГА ПО МНОЗИНСТВО за освојување и останување на власт, од една мала, но нормална држава – Македонија, направија ОПАСНА СЦЕНА за NORTH REALITY SHOW во кое НЕМОЖНОТО се ОСТВАРУВА пред очите на СТАПИСАНИОТ НАРОД, шокиран од „ИЗУМИТЕ“ на ЕТНОКРАТИЈАТА што се заканува со босанизација и кипаризација.
Извор: Дијалекта