Танцот е пред колапс, а 6000 деца се спречени од вршење на нивната омилена активност – танцувањето. 46 приватни танцови клубови во земјата, од вчера се приклучија на протестите поради нелогичностите при постапувањето на Владата со новите рестриктивни мерки, а кое опфаќа затворање на овие институции и спречено вршење на нивната дејност засега до 27.04.2021, а со веројатност за продолжување.
Иако последните изјави на Владата се однесуваа на финансиско компензирање на сите правни субјекти кои беа затворени во изминатиот период, како и лани, така и сега, танцовите клубови не фигурираат на списокот на субјекти кои ќе добијат надомест на штетата.
Танцовите клубови реагираат и бараат одговорност од Владата бидејќи ваквата одлука е во најмала рака некоректна и нецелосно промислена. Уште повеќе, нивната иницијатива ја повикува Владата на одговорност и бара образложение за причините поради кои нивните центри се затвораат.
Имено, во текот на изминатата година, танцовите клубови повторно беа први на списокот за затворање. По нивна макотрпна работа и соработка со танцови центри ширум Европа (Данска, Холандија, Хрватска, Словенија), следејќи го примерот на колегите, здружени самите создадоа протокол за работа кој беше одобрен по шест месеци од нивното затворање (март-септември).
Повеќе >> www.smartportal.mk