Од скромни 25 илјади евра до речиси 500 илјади евра потрошиле Блерим Река и Стево Пендаровски во првите 10 дена од изборна кампања, покажуваат нивните финансисиките извештаи за претседателските избори. Извештајот на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова не бил доставен до Државната изборна комисија и антикорупциската комисија во законскиот рок кој истече синоќа, но се претпоставува дека ќе стигне деновиве преку пошта.
Според извештајот поднесен од кандидатот на власта Стево Пендаровски, тој до 10 април како приходи пријавил повеќе 504 илјади евра. Околу 3.000 евра добил како граѓански донации, додека пак, 162 илјади евра се од членараните на СДСМ за 2018 и 2019 година. Речиси 340 илајди илјади евра се обезбедени за платено политичко рекламирање.
Пендаровски, според извештајот, потрошил 484 илајди евра. Од нив 340 илјади се за рекламирање. Сепак, од сите направени расходи во овој период платил само 145 илјади евра.
Блерим Река во првите 10 дена од кампањата на сметката за изборни активности пријавил приходи од само 18 илјади евра. Сите пари ги добил како донации од БЕСА и Алијансата на Албанците, партиите кои ја поддржаа неговата кандидатура.
Река во овој период потрошил повеќе отколку што добил. Расходите му изнесуваат 25 илјади евра и тоа за реклами и пропаганда потрошил 23 илјади евра, а остантите пари за закупување на простор, за транспорт и други трошоци.
Ова ќе бидат први избори во кои закуп на рекламен простор ќе се се плаќа од државниот буџет.
https://youtu.be/MNPQwNdZtC8