Структурата околу поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, бара одговорност од актуелниот претседател поради изгубените избори.
Во внатрепартискиот судир не се избираат средства меѓу двата табора за дискредитирање на оние кои би можеле да имаат некаква шанса во евентуалното прегрупирање пред претстојниот конгрес.
Ќе успее ли актуелното раководство да возврати на ударот на подзаборавените кадри блиски до Мијалков, кои ден по изборите се јавија со критики и барања за смена?
По повикот на Попоски до Христијан Мицкоски да се повлече од лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ, кој своевремено се споменуваше како можен нов лидер, за по конгресот во Валандово да се дистанцира од дневно-политичките збиднувања.
-Минимум за тоа дека сме ја сфатиле пораката на гласачите е да се држиме до најавеното пред изборите. Во спротивно, следна рунда може дури и бетер да минеме. Ако и сега некој е изненаден, тогаш никој нема да биде. Веднаш да најавиме дека недвосмислено, со оглед на исходот, остануваме во опозиција, ќе биде побезболно за членството отколку да создаваме нереални надежи за потоа да ги разочараме дополнително по кој знае кој пат. Целосно ќе изгубат мотив- оценува Попоски.