По долго отсуство од јавноста, поранешниот министер за надворешни работи, Никола Попоски побара од својата партија и од раководството на партијата одговор дали имаат стратегија како да победат на следните избори.
На својата фејсбук страна Попоски јавно праша:
Неколку изборни циклуси не победуваме. За партија во која најголем дел се навикнати да победуваат, не е едноставно. Најмногу нѐ критикуваат дека слабо учиме од искуства. Почнаа да нѐ прашуваат дали воопшто сакаме да победуваме. Особено со оглед на бројните констатирани слабости кај противниците. Конечно, сите не прашуваат дали имаме стратегија.
Попоски побара од партијата да не создаваат нереални надежи кај членството:
Веднаш да најавиме дека недвосмислено со оглед на исходот, остануваме во опозиција, ќе биде побезболно за членството, отколку да создаваме нереални надежи за да потоа ги разочараме дополнително по кој знае кој пат. Целосно ќе изгубат мотив.
Овие ставови на Попоски предизвикаа бурни реакции на социјалните мрежи. Поддршка на Попоски му дадоа Јане Ченто, поранешниот координатор на пратеничката група Драган Данев и поранешниот Претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ, Лука Кржалоски.
Од друга страна со критика меѓу редови се јави претеникот од Социјалистичката партија на Љубисав Иванов Ѕинго, Љупчо Димовски кој на својот фејсбук профил напиша:
Со сета, за неупатените ненадејна “елоквентност” и позајмениот описен пример со “магарето и тревата”, сосема соодветен на нивото на намерата, но и со преку други затскриеното и нападно гледање во “туѓиот двор” како да се сокрива вриењето во сопствениот котел.
Инаку, во последната емисија Во Центар на youtube, во интервјуто со Филип Петровски беше најавено дека Никола Груевски и Мартин Протугер, по поразот на Христијан Мицкоски на парламентарните избори, сега подготвуваат терен Никола Попоски да дојде на чело на партијата.
Извор: Во центар