На 27 јули 1946 година е усвоен грбот на Македонија и тој е во употреба. Тоа беше грб на Народна Република Македонија, на Социјалистичка Република Македонија и на Република Македонија по 8 септември 1991 година.
Кога ќе го анализирате грбот ќе видите дека во средиштето или во срцевината доминира една планина. Тоа е планината Пирин. Не е Пелистер, не е Кораб, не е Шар планина, туку е Пирин. На тој начин македонските комунисти го овековечија во нашиот државен грб значењето на планината Пирин за македонската борба за наша македонска држава.
Кога ќе го анализирате грбот ќе видете уште една работа. Таму постојат четири дела. Тоа се четирите Македонии: Вардарска, Егејска, Пиринска и делот во Албанија. Таа 1946 година македонските комунисти сонувале за обединување на Македонија.
Затоа се сите тие обиди на Бугарија и Грција ( пред се со помош на албанските партии ) да биде изгласан нов грб на нашата држава.
Ова е дел од вечерашната емисија Во Центар која ќе се емитува во 22 часот на youtube каналот Vasko Eftov.
Извор: Во центар