Реакција на пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петкоска:
“Единственото ветување што го исполни оваа власт е ветувањето – Живи луѓе ќе јадеме! Сведоци сме и на своја кожа го чувствуваме секојдневниот политички реваншизам врз вработените во сите институции-без исклучок!
- Преместување на вработени од еден град во друг, со цел самите да се откажат од работа;
- Изживување на работно место со луѓе кои во институциите имаат огромен работен стаж;
- Бркање од работно место заради искажан политички став…
и уште мал милион случаи на нечовечко постапување и одмазда кон политичките неистомисленици.
Со оваа власт е заштитен само вработениот кој доаѓа од сдсм.
Со оваа власт професионализација на администрацијата значи бркање на вработени од ВМРО-ДПМНЕ и нивна замена со вработени од сдсм.
Со оваа власт дискреционото право на директорот е еднакво на правото на директорот да се изживува со вработените од спротивниот политички табор и тоа на сметка на државата!
Сите ние сме Горан и сите ние имаме некој како Горан!
И наместо пратениците од власта да дојдат на денешната расправа за заштита на слободите и правата и сите заедно да го разгледаме случајот на Горан, ниту еден од нив не се одважи да дојде. Толку им е грижата!
Да дојдеа, заедно ќе се се заложевме за подобрување на законите кои ја регулираат оваа област! Ама ДА ДОЈДЕА…
Потребно е ограничување на дискреционото право на директорите! На пример, да се воведе санкција за директорот за кој судот ќе установи дека неправедно го малтретирал вработениот. Тогаш директорот ќе размисли кого и зошто брка од работа. За јавноста ќе појаснам дека ако директорот избрка вработен, кој потоа ќе поднесе жалба која судот ќе ја усвои, сето тоа го плаќа државата, а никаква одговорност не сноси директорот! Убедена сум дека тука е најголемиот пропуст.
Пропусти има и во начинот на поднесување на тужбите за мобинг на работно место!
Понатаму, кога се води работен спор во институцијата, директорот има право да назначи дисциплинска комисија составена од вработени во институцијата по негова мерка, од кои потоа, во судскиот спор некои од нив се јавуваат како сведоци кои имаат право до недоглед да не се појавуваат на судските рочишта и судскиот спор да трае до бесконечност…повторно на сметка на државата!
Се малтретираат медицински сестри, се преместуваат полицајци, се бркаат лица кои извршиле дејство, иако имаат овластувања да го ивршат тоа дејство, се бркаат вработени за одржани прес конференции, па дури за фејсбук статус!
Ова мора да престане сега и веднаш!
Да не се плашев дека ќе ги оштетам вработените кои ми се пожалиле, сите ќе ги наведев со имиња и презимиња и тој список ќе беше најдолг, но нема да го сторам тоа затоа што оваа власт е најефикасна кога станува збор за политичка одмазда!
Оставете ги вработените да работат, престанете континуирано да ги омаловажувате, да ги притискате и да им се заканувате со кривични и дисциплински постапки само заради нивната политичка припадност и партиски активизам!
Техничката влада беше наша реалност и виновен ли е Горан што бил дел од техничката влада во кабинетот на дополнителниот заменик на министерот предложен од ВМРО-ДПМНЕ?! Зарем правата на Горан се поразлични од правата на сите други административни работници на кои работното место им е ставено во мирување? Зошто Горан не смее да го ужива истото право кое им следува и го искористиле над 50.000 лица? Фактот што инстутицијата каде што работи Горан се примени нови, над 80 лица, повеќе од јасно го негира образложението кое го добива Горан, дека нема средства определени за неговото вработување!
Треба ли Горан и неговото семејство да ја платат цената за бирократските пропусти заради кои Агенцијата за вработување не може да се договори со Министерството за информатичко општество и администрација токму за неговиот случај! Ете тоа беше професионалната, непартизирана јавна администрација на Манчевски и тоа е професионалната и непартизирана администрација денес!
Директорка на која испод чест ù е да поразговара со својот вработен и да му објасни дали е одјавен или му мирува работниот однос, институции кои не можат да се усогласат меѓу себе, закони кои власта си ги толкува она како што е во нејзин интерес…
Дозволете во државната и јавна администрацијата да има стручни и мотивирани службеници и вистински работници, наместо да казнувате, дискриминирате, омаловажувате, понижувате и плашите службеници. Никогаш нема да стигнеме до портата на ЕУ со ова ваше однесување! Успеавте од Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор да ги избришите критериумите стручност и компетентност! Овој брод плови по немирно море, а работниците (оние од опозицијата) го имаат само сидрото на Заев!
Крајно време е Инспекцискиот совет, второстепените комисии, народниот правобранител, невладиниот сектор и медиумите да престанат да бидат само декор во оваа наше наметнато божемно Општество за сите, во кое Живот има само за лицата од власта, додека останатите, како Горан, не можат да си го остварат елементарното право од работен однос.
За крај јас ве уверувам дека сè додека има луѓе како Горан, а нè има многу, никакво шиканирање нема да нè спречи гласно да ја кажуваме вистината за оваа земја и никаква казна нема да нè спречи да се бориме да има правда во Македонија и да се бориме за правата на секој граѓанин!
Вака како што сме тргнале, нема да нè убие короната, туку ќе нè убие нечовечноста на лицата кои се на раководни места во државата!”
Извор: femitika.mk