По седницата на Советот на национална безбедност за состојбата со коронавирусот, претседателот Стево Пендаровски кажа дека нема потреба да се воведува вонредна состојба или кризна состојба во целата држава.
„Ако има потреба, но засега нема потреба, може да ѝ препорачаме на Владата да прогласи кризна состојба и во други општини, не само во овие две (Дебар и Центар Жупа, н.з.). Кризна состојба имаме 4 години на границите поради друга состојба (мигранти, н.з.). Да не избрзуваме со вонредна состојба или со кризна состојба на целата држава. Нема потреба од прогласување вонредна состојба или кризна состојба на територија на целата држава. Кризата ќе трае, нема да замине за недела-две. Ресурсите, кои не ни се издашни, треба да ги користиме рационално“, изјави Пендаровски.