“Како некој што многу сака шопинг отидов во Сити мол и ми се допаднаа едни патики чија цена беше баш висока. Бидејќи често пазарувам гардероба ги прашав продавачките дали може да ми ги причуваат бидејќи не носев доволно пари со мене. Продавачите рекоа нема проблем ама да оставам капар од 1.000 денари иако не ми издадоа фискална туку парагон блокче.
Во ред реков, не знаејки дека ги земала не ги земала патиките капарот си го задржуваат за себе. Уште истиот ден се предомислив најмногу поради високата цена на патиките и веднаш следниот ден утрото отидов да им кажам дека не ги земам и да ми го врата капарот.
И тука стана проблемот. Од ексклузивната продавница во најфреквентниот трговски, не враќаат капар иако во платниот промет не постои капар”, вака ја раскажува својата приказна Александра К. за патот што ја навел да заврши во Државната пазарна инспекција.
Сето ова се случува во 2018 година кога директор е токму Стојко Пауновски. Александра веднаш се упатила во Пазарна инспекција каде пополнила молба. А утредента веке била изненадена.
Повеќе >> pari.com.mk