Никола прво, како искусен дипломат и човек кој долги години бил министер за надворешни работи назначен од ВМРО, срамно е да не знаеш дека името на партијата е ВМРО ДПМНЕ, каде сите букви се пишуваат големи.
Второ што годиниве наназад постојано ми паѓа во очи, а еве истото се случува и со последниов твој статус, како бе тоа човече не кажа една критика за надворешната ни политика и исклучително штетните договори за Македонија и македонскиот народ, кои ги потпишаа Заев и Димитров, мислам на оној од Нивици и поготово ,,добрососедскиот” од Софија, туку секое твое појавување медиумско зборуваш или пишуваш за партиски работи, кој конечно и додека си бил партиски активен никогаш не ти биле блиски? Каде тоа и во која тоа европска партија има пракса вака како што ти тоа го правиш јавно, преку социјални мрежи да се зборува за партиски работи?
Трето, мада ти си ја напишал како прва точка, да се променел ,,концептот на раководење”, па ќе ми дозволиш вака јавно во твој стил и јас да констатирам, а воедно и да те прашам. Констатацијата ми е, поточно тоа е факт дека ти имаше чест да бидеш дел од тимот на Груевски кои ги имаше најубедливите победи над СДС во низа. Логички прашањето ми е тогаш ,,концептот на раководење” каков беше? Ти кога стана министер за надворешни работи, на членството и базата ли им се даде глас, па тие те избраа или по некој друг концепт?
Четврто Никола како бе тоа не подржуваш протести против Заев? Во парламент викаш да била борбата и притоа ваљда мислиш на твојата ,,лавовска борба” која ја водеше во минативе години во собранитето?
Конечно Никола последно, но за мене и најважно, ти за мене, а верувам и за секој вмровец, си недостоен да бидеш и кафекувар во организацијата, а не претседател на ВМРО, после твоето тврдење дека патриотите и уставобранителите од 27 Април се терористи од кои партијата треба да се огради!!!