Статус на Александар Пандов:
Само човек што образот му е ѓон, може вака ко Фрики да излезе пред медиуми и да се прави будала, без грам срам да ги гледа во очи и да лаже.
Што човек да каже за Фрики која има над 20 селфи фотографии направени на различни локации и пригоди со прво осомничениот во аферата Рекет, Боки Тредичи, за истата да не информира дека лично го знаела како и секој еден од нас, а најмногиу го познавала од телевизија ?! Еве прашувам, колку некој треба да мисли дека луѓето се морони, па вака јавно да ги фарба?
Ако како почесна претседателка не знаела, тогаш како екс министерка за труд и социјала Фросина Ременски знаела дека Меѓународниот сојуз немал мрднато со прст во делот изведба на било каков проект, а знаела и дека сојузот има земено 1.000.000 еура од Сиљан Мицевски и струшката фирма „Дрим Билдинг“. Нели се заинтересира на сите тие заеднички ивенти да го праша Боки, каде се сега тие пари? Јовче (Џандар збира) ништо ли немаше подслушнато за париве?
Конечно како е можно потпретседателката на собранието и актуелната потпретседателка на СДС, додека се случувал рекетот, да нема никаков абер дека првиот и другар Боки Тредичи е главен рекетар во Македонија? Да има во себе барем малку морал уште денес треба да си поднесе оставка!
П.С. Другар и Павле со,,полчето” е мало бебе за оваа, а да потсетам ликов си поднесе оставка!