Некогашниот шеф на скопската организација на СДСМ Љупчо Палевски под наслов “#27Април” објавува текст и документ од кој се гледа дека зад настаните на 27-ми април стоел екс шефот на УБК Сашо Мијалков кој воопшто не е обвинет во ова дело.
Како и ветив, монтираниот, фингиран тероризам од 27 Април има многу недоследности. Осудени се огромен број на луѓе, врз база на сведочењето на Нинџа како учесник и одговорен кординатор на настаните.
Но, судењата продолжија и на организаторите на 27 каде обвинети се: Никола Груевски, Миле Јанакиевски, Спиро Ристовски, директорот на УБК во тие моменти Атанасовски и др.
Но, едно големо ноооо постои во овој правен фингерај, монтиран процес затоа што се се сведува на расказот, сведочењето на Нинџа кое не е целосно, скроено, а се со цел да го сокрие неговиот вистински газда, командант.
Имено, сведочењето со кое се осудија огромен број на патриоти се темели на база на ИСТРАГИТЕ кои ги правело #УБК, каде еден од вработените на управата кој учествувал во настаните се испеал додека Нинџа е во бекство, а подоцна пред да се предаде било стокмено сведочењето на начин што неговиот командант Сашо МИЈАЛКОВ не постои. Ова ќе биде причината за повторување на овие судења, ова е само почетокот на откривање на целата вистина.
Затоа денес е смешно кога #ЗАЈЕБиМИЈАЛКОВ не се познаваат, смешно е кога експлицитно во бомбата Зајеб тврди дека преговара со Мијалков…..
Децава што гнијат по затвори мораат да добијат фер и правично судење, а најголемиот предавник #ДонМијале да се покаже на народов.
Од вечерва почнуваме со нова борба #Правда за 27 Април, #ПРАВДА а не политика…