Исказите на еден од осомничените во „Рекет“, биле клучни за Вилма Русковска да побара притвор за Катица Јанева. Во предистрагата, засега исказ во Обвинителството за организиран криминал и корупција даваше само Зоран Милески-Кичеец.
Специјалната обвинителка Катица Јанева е третото осомничено лице во истрагата именувана „Рекет“ и како и прво и второосомничените Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милески-Кичеец, не се спаси од притвор – вчера доби 30 дена притвор и е спроведена во затворот во Шутка. Со оглед дека шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска кажа оти истрагата може да трае и шест месеци, се очекува да биде проширена и на други лица.
Од странките во истрагата дознаваме дека клучни за наредбата за истрага против Катица Јанева биле токму исказите на еден од осомничените, што за кратко време Рускоска ги потврдила и од други сведоци во текот на истражната постапка за „Империја“ на СЈО, каде што се осомничени Орце Камчев, Цветан Панделески, Сашо Мијалков и 10-мина други, како и преку одредени финансиски трансакции.
извор: сдк.мк