Дали договорот со Грција, референдумот и промената на уставното име се важни за бизнисот и за општественото живеење? Дали тоа ќе ги промени условите за живот во Македонија и како ќе влијае?
КАМЧЕВ: Изгубивме премногу време последниве 27 години со историски глупости, со митови и легенди кои ни создадоа проблеми не само со сите наши комшии но и со самите нас, во нашата држава. Неможноста да се реши спорот со Грција не извади од шансата да бидеме веќе одамна и во НАТО и во ЕУ и верувајте ми, Македонија немаше да биде во таа ситуација во која сме денеска ни економски ни политички. Затоа, Јасно и гласно ќе го кажам мојот став , мислам дека ниту ќе имаме подобра шанса, ниту дека сме имале похрабар лидер од премиерот Заев. Јас лично сум ЗА договорот со Грција, како и бев ЗА Договорот со Бугарија.Јас сум европски и светски човек и сакам Македонија да биде дел од таа структура. Сакам да живеам во Република Македонија различна од таа што е денеска, сакам да бидеме членка на НАТО и ќе направам се што е во моја можност…
… Тоа се вредности во кои сите ние ќе добиеме десет пати повеќе придобивки од она што го имаме денеска. Се тоа не го кажувам само јас, ниту само Заев, тоа ни го кажа целиот свет! Светски лидери како Меркел, Курц и Могерини кои дури дојдоа на крај кај нас, Државниот департамент, дури и Русија го поздрави договорот иако на некои им се сака да е е така, вели Орце Камчев.
– Имате бизниси, меѓу другото и во Бугарија – членка на Европската Унија. Зошто одлучивте да инвестирате таму и како се води бизнис со таа земја членка на Унијата? Од бизнис аспект одат ли таму работите на подобро по нивниот прием во ЕУ?
КАМЧЕВ: За мене Бугарија е најубавата и најблиска земја и народ од сите овие локални наши земји. Видете сега се што има Бугарија која што е членка на Европска унија. Незнам колку нови тунели, железници , инфраструктура, патиштата се прават … а ние денеска сме последна земја од Европската унија. Бојко Борисов и Зоран Заев имаа храброста да го решат брзо вештачкото неразбирање што го имавме од повеќе од деценија и го потпишаа минатата година договорот за Пријателство. Тоа беше клучно и ни даде шанса да направиме компромис и со Грција. Затоа мора да имаме успешен референдум , ако не се решиме денеска, утре нема да не биде, и тоа треба да им стане јасно на сите.
Камчев за релациите со Сашо Мијалков вели:
Дали е точно дека вашите персонални релации(со Сашо Мијалков) се променети и дали причините се деловни или се од лична природа?
КАМЧЕВ: Најпрво да разјасниме, директни бизнис релации со Сашо Мијалков додека бил функциониер сум немал никогаш, тоа го гарантирам и стојам позади тоа што го зборувам. Ниту денеска имам такви бизнис релации , доколку има некој акции, некои негови фирми, од неговите деца во некои акционерски друштва, јас тоа не можам да го забранам бидејќи има илјадници акционери, меѓутоа во управувачка структура, во структура која е управувачки одбор или слично тело немаме такви релации. Точно е дека бевме пријатели, повеќе не сме пријатели, а причините се различни во однос на тоа што се шпекулациите, но тоа останува меѓу нас двајцата , вели во интервјуто за Фактор.мк бизнисменот Орце Камчев.