Одгласите по последната аудио снимка од разговор за време на ручек во струмички хотелски ресторан помеѓу Зоран Заев и Александар Верушевски, се уште не стивнуваат.
Од овој кафански разговор, произлегоа многу шпекулации, озборувања и дискусии. Инфомакс ја пронајде снимката на Jутјуб која уште во 2016 година, после разговорот на Заев со Верушевски излезе во медиумите и сега ја реобјавуваме. Од снимката во првиот дел се гледа локална етно музичка група која има свој перфоманс пред поголема група гости во хотел на море, вообичаена работа која ја организираат повеќето хотели кои привлекуваат гости на годишен одмор и на истата се слушаат гласовите на екс-премиерот и неговата сопруга Боркица со шеговити коментари на самиот Груевски. Во вториот дел има снимка од плажа каде што може да се види и самиот Груевски и се слуша гласот на неговата сопруга која го снима видеото. Се слуша како тој го прашува обезбедувањето за нешто дали има некој проблем а потоа и се обраќа на сопругата и и вели “ајде Бока одиме”(како што ја ословуваат пријателите).
Инфомакс се потруди телефонски да го исконтактира Груевски и по повеќе неуспешни обиди стапивме во контакт со него. Ни кажа дека е во движење и не беше расположен за подолг разговор, но сепак успеавме да добиеме одговор на неколку наши прашања. На нашите прашања ни одговори дека никогаш во животот не се сретнал и запознал со Александар Верушевски ниту со неговиот татко Зоран. Дека не знае за она што се говори во снимката, а упатува на тоа дека Сашо Мијалков уште од 2011 година бил во комуникација со Александар Верушевски и додаде дека не знае дали тоа е точно, а истиот одговор го даде и на прашањето дали знае за наводната активност на Мијалков во ослободување од притвор на Зоран Верушевски.
Груевски за изјавата дека бил “мртов Германец”, шеговито прокоментира дека според кажаното произлегува дека СДСМ во декември 2016 година ги загубиле изборите од партија предводена од “мртов Германец”.
Повеќе >> infomax.mk