Загрозен животот на Министерот Наќе Чулев!

Наќе Чулев, закани
Прочитај за: < 1 минута

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев на својот фејсбук профил напиша дека секојдневно бил изложен на навреди но и закани по неговиот живот.

“Фактот дека Министерството за внатрешни работи секојдневно почна да открива криминал во кој се вмешани функционери на владејачката партија веројатно е причината за нервозата во нивните редови. Меѓудругото, јавноста треба да знае и за секојдневните навреди, но и закани по мојот живот на кои сум изложен, а кои дополнително сведочат за ниското ниво на политичка култура, но и за паниката која е присутна кај нив. Граѓаните треба да знаат дека ниту една политичка изјава нема да ме поколеба во мојата намера да го заштитам здравјето и животот на граѓаните, но и да останам посветен во неселективна борба против корупцијата и криминалот”, напиша Чулев.

Во продолжение во целост го објавуваме фејсбук статусот на министерот Чулев.

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE