Професорката Мирјана Најчевска наведува неколку недостатоци во предлогот за промена на Законот за државјанство кој ќе се носи по скратена постапка и кој, според неко проценки кои се појавија во медиумите, околу 70.000 лица би станале македонски државјани!
1. Тоа што се носи по скратена постапка. Мислам дека за ваква материја е потребна и анализа и расправа и соодветно образложение.
2. Што се носи денес, а не во 1992 или 1993 година.
3. Што во законот не е предвидено барателите на државјанство да престојувале на територијата на Македонија од 1991 година наваму.
4. Што не се предвидува познавање на македонскиот јазик.
5. Што не е конкретизирана документацијата која е потребна за докажување на државјанството на СФРЈ/република во состав на СФРЈ.
6. Што не се предвидува давање на државјанство по автоматизам на сите што се родиле на територијата на Македонија, а чии родители биле државјани на СФРЈ/република во состав на СФРЈ“, напиша Најчевска на Фејсбук.