Почитувани, и покрај целосната фашистичка планетарна цензура, се надевам дека сепак допрела до вас веста за изведениот армиски преврат во постколонијален Мијанмар (колонијална Бурма) кој се случува после двомесечните масовни студентски протести во соседен Тајланд со барање за УСТАВНИ реформи. На овие два настани им претходеа неколкумесечните жестоки и пропагандно медиумски набилдани хонгконшки ,,револуционерни,, испади. Одеднаш, на неверојатно трпеливите земјоделци во Индија им пукна филмот и решија да тргнат во масовни демонстрации против најавената владина земјоделска реформа. За такви како мене во вакви случаи се пали сијаличката која ме тера да се наведнам над картата на светот за да видам која партија шах се игра со ваков вид на отворање. Оти да сте на чисто: Во светската геополитика нема случајности, нема случајно време и нема спонтанитет. Значи, зошто во одредено време на идентичен начин, одеднаш речиси симултано одредени држави или простори кризираат на сличен начин. По кројките на бурда на тајните служби ЦИА и МИ6 како главни изведувачи но и многу други кои во меѓувреме станаа моќни фактори.
Едноставно затоа што западните центри на моќ кои до вчера беа колонизатори, робовладетели и узурпатори – пљачкаши се на крајот на времето кога владееа несметано со светот. Преку вакви организирани настани се обидуваат да го спречат она што фактички веќе се случи на Самитот на АСЕАН. А тоа е потпишување на историски и стратешки важниот договор на Азијците да соработуваат тесно меѓусебе на секое поле и, што е најважно споровите кои постоеле и ќе постојат и ги креирале колонијалните господари, меѓусебе да ги решаваат рационално и без надворешно мешање на евро-атланската до скоро арбитрерна ,,меѓународна заедница,,. Во Корона годината, кога со помош на лабораториски вирус, произведен како биолошко оружје на повеќе места (Во Шпанија, во САД и Велика Британија на пример) и далеку пред 2019 во Вухан, намерно е кренато на ниво на смртоносна светска пандемија за да се спречи гниењето на западниот отчовечен фашистички империјализам и замени со глобален рисет враќајки го времето назад. Арно ама веќе е доцна.
Изумителите на оваа последна ујдурма ја загубија својата последна војна. Конечно се оформи Евроазија, а со тоа и новата нулта точка односно, пивотот, стабилносна – фиксна точка на мерењето, магнитудата на настаните мерено на временската историска таблица. Големиот рисет се случи, ама не оној најавен во Давос што го сонуваат неофашистите додека ни ја пеат идиличната песна од филмот ,,Кабаре,, на Боб Фос (1973) кој е фактички синтеза на декаденцијата, а една песничка, романтична селска идила за сончеви зраци за распеани птички и нежен ветрец на крајот да се претвори во масовна хистерија на трансформирани ѕверосани Германци со расчепени муцки и фашистички поздрав со ветување дека утрешнината им припаѓала на хитлерјугенд и воопшто Германците кои со Хитлер си мислеа дека еден им бил изборот и немаат друга опција.
Сега да се вратиме на настанот во Мијанмар и пискотниците што оркестрирано се кренаа во ,,слободните ем демократски и цивилизирани,, западни медиуми, а во одбрана на мијанмарските граѓански слободи, кои ги немаат уште кога беа британска колонија кога им го мавна од ропските им плеќи и нивниот сопствен крал кого со се фамилијата ги прати сургун, а ги тераше да ги почитуваат британските суверени. Море сакаш гласни осуди од страна на ЕУ и едно чудо ,,државници, на чело со Јапонија која предупреди дека превратот во Мијанмар ќе ја направел Кина помоќна. Оти Јапонија може да се фемка од фашизам до демек западна демократија, можел да окупира и поробува земји во Азија како Кина на пример, или Кореа на пример – ама Кина ќе станела многу моќна! Што е лошо. За узурпаторите. Затоа итно, а по директива на газда Вашингтон со помошникот Британија се јави грогираната и корумпирана ООН, односно, Советот за безбедност во проширен состав. Биле загрижени и барале итно заседание за осуда на превратот. Значи чудо едно! Превратот во Венецуела, во Боливија, па оној во Турција и во нашата Македонија со акламација и слободарски воздишки ги поздравуваа, ама лоши пучеви цивилизираниве западни дивјаци и човекојадци не признаваат и не поздравуваат. Ги прозваа по ,,бурда,, теркот веднаш да се произнеле со осуда Кина и Русија и оп! Прозваниве ги соочија со геополитичката ,,њу нормал,, ситуација. Оооодбиј! Ние во внатрешни прашања, одлуки и односи на суверени држави не се плеткаме.
Зашто сме во Македонија во која ,,традиционално,, со политика, посебно државна, се занимаваат главно подпросечни дибеци со ,,формално,, курсистичко образование и ич знаење, а сличен квалитет ни има и интелектуалата, односно, експертутската заедница која од азијските шах вариајнти знае да игра само ,,не љути се човече,, (а и тоа ептен лошо). Овој сој абер нема што е тоа геополитика на просторот. Еднаш се обиде еден од најпаметните современи Турци (министерот за надворешни работи Давутоглу во владата пред обидот за преврат) на македонските парламентарци да им каже како треба да ја обликуваат или осмислат и водат македонската државна политика, ама џабе! Нашиве пробрани тутурутки или зеваа или си играа со мобилните. Човекот им говореше за пресудноста на географскиот простор во судбината на државата оти тој суштински ја одредува сегашноста и иднината на локалното население, а за што сведочи минатото.
Повеќе >> infomax.mk