Некои работи едноставно ја поминуваат границата на рубиконот и не можам да ги разберам. Ќе дојде ново парламентарно мнозинство и ќе ги реотвори сите овие уредби и ќе разговараме тогаш, одговори Христијан Мицкоски на новинарско прашање да ја коментира владината одлука, објавена пред два дена во Службен весник за менување на парите, со додавање на зборот „Северна“, секаде каде на нив е споменат зборот Македонија.
– Има многу спорни уредби со сила на закон коишто се носат во оваа вонредна состојба, една од тие споредни уредби е и оваа. Навистина не можам да разберам наместо да се занимаваме со она коешто ни е најважно и најзначајно, а тоа е справување со пандемијата и борбата за животите на нашите граѓани, ние се занимаваме со споредни работи коишто никој од нас впрочем не ги бара. Па дури и да го читаме оној договор којшто беше потпишан оваа работа не се бара од нас бидејќи тоа може да се направи во следните 5 години, ако се отвори седумнаесетото поглавје, а тоа е поглавјето за економија и монетарна политика. Така што апсолутно не можам да разберам наместо да се занимаваат и да носат уредби кои што се поврзани со пандемијата и што повеќе животи да бидат спасени и тие луѓе коишто се во првите борбени редови да ги мотивираме, ние носиме уредби коишто апсолутно немаат никакво значење. Некои работи едноставно ја поминуваат границата на рубиконот и не можам да ги разберам. Ќе дојде ново парламентарно мнозинство и ќе ги реотвори сите овие уредби и ќе разговараме тогаш – одговори Мицкоски.
На прашање дали претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и партиската делегација по средбата со министерот за надворешни на Унгарија, Сијарто, ќе одат во 14 дневна самоизолацција со оглед на тоа дека имаат директен контакт со странци, Мицкоски вели:
– Мислам дека уредбата не е баш таква, она што е пропишано со законите ние секогаш сме го почитувале и во тоа нема дилема, но мислам дека во овој случај такво нешто ќе нема потреба.
Извор: Плусинфо