По првата блокада што се случи на денешниот прв состанок на евроамбасадорите во Брисел пред министерскиот состанок на ЕУ, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара оставка од премиерот, Зоран Заев и формирање на техничка влада или влада на национален спас.
„Гледаме денеска што ни се случи, очекуваме да нашите партнери од ЕУ го ревидираат нивниот став и веќе на министерско ниво или на премиерско ниво да го корегираат и Македонија без разлика дали оваа влада или некоја идна влада да го отпочне процесот на преговори со ЕУ. Бидејќи тоа се вредностите во кои што ние веруваме, и тоа се вредностите кои што ние ги заслужуваме да ги споделиме со нашите сограѓани Европјани.
Но она кое што денеска ни се случи е уште еден доказ за националната катастрофа која што ја донесе Зоран Заев и на македонската нација, на граѓаните на Македонија без разлика на нивниот етнички состав, и на македонската држава. И во име на тоа најчесно би било тој и неговиот тим на политичари веднаш да заминат, да дојдат луѓе кои што ќе ја креваат Македонија од оваа положба во која што тие ја донесоа. Тоа е би рекол не граундзиро како што популарно се нарекува туку под тоа.
За тоа веднаш да ги напуштат позициите и да организираат предвремени избори на кои што би можеле граѓаните во термин во кој што нормално здравствените услови ќе дозволат да се случи такво нешто, а веднаш сега можеби треба и да почнеме да размислуваме за една идеја која што ја почнаа од Алијансата за Албанците, а тоа е една Влада за национален спас, техничка влада или некој друг тип на форма.” – истакна Мицкоски.
Повеќе >> www.mkd.mk