Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето гостување во „Економски магазин“ на АлсатТВ посочи дека примарна задача на владата која што ќе ја преводи ВМРО-ДПМНЕ е да се избори за повисоки пензии и плати.
Исклучително квалитетен тим работи на економската програма, во споредба со она што го прави денеска владата. Вие имате вицепремиер за економски прашања кој што нема ниту една минута во јавниот сектор стаж“, појасни Мицкоски.
Мицкоски додаде дека граѓаните не знаат каде се трошат нивните пари.
Со политичкото функционирање во Владата и Зоран Заев и на луѓето околу него функционираат на една основа прво го украдоа името, украдоа презимето, го понижија идентитетот, ја нарушија гордоста и достоинството на граѓаните. И тоа се за една цел. Како што денеска е руинирана и уништена гордоста никогаш не било така, истакна Мицкоски.
Мицкоски укажа дека сето ова се случи само Заев да побегне од лицето на правдата и да не лежи во затвор.
Втората работа е пљачка, криминал и корупција. Тоа е начинот на кој што владата функционира. А, јас сето тоа го осудувам, нагласи Мицкоски.
Мицкоски подвлече дека тој не е Зоран Заев и не им дава лажни ветувања на граѓаните на Република Македонија.
Ако немате правна сигурност, кога граѓаните не веруваат во правдината, и бизнис заедницата без разлика дали од дома или надвор не може да препознае правна држава вие нема да имате подобра економија. Тоа е суштината на економијата, повлече Мицкоски.
Мицкоски објасни дека поради ваквото делување на оваа Влада ќе изгубат трајно на избори. Граѓаните ќе ги казнат.
Ние им кажавме на пензионерите дека ова сега што го нуди СДСМ е практично помалку од она кое што ги следуваше согласно законското решение што го поништија и го донесоа новото законско решение кое што важи од 1 јануари 2019 година. Тоа беше нашиот став. А, во минатото пензиите се нивелираа два пати годишно по два основа. Првиот ооснов е порастот на просечната плата. И вториот основ е по порастот на трошоците за живот. Го укинаа првиот основ, порастот на просечната плата, и ние велиме ако останеа овие два столба врз кои ги добивавте вашите покачени пензии, тогаш овие 700-900 денари што сега ви ги ветуваат, ќе беа многу повеќе. Ќе беа 1200-1300-1500 денари. Затоа ние рековме првиот ден кога ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт, ќе го врати првото законско решение бидејќи ние мислиме дека тоа решение ќе донесе на пензиоерите повисоки пензии, посочи Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека оваа мерка не е популизам туку принципиелност. И самата мерка и решението е одржливо.
Во однос на даноците, тој рече дека државата има помалку пари поради владата на СДСМ. Потсети дека УЈП има околу 4 милијарди денари помалку собрани од она што било предвидено.
Даноци се собираат по три основи. УЈП собира 70% од вкупните даноци во државата и тоа три вида даноци: еден е данок на добивка, персонален данок на добивка. Вториот е персонален данок на доход. И третиот е данок на додадена вредност. Данокот на добивка е паднат некаде за 24.5% споредено со планинарното. Данокот на персонален доход е од прилика околу 0 или 1, така нешто. Зошто? Затоа што имавме поголема даночна основица во првите 11 месеци во годината. Ако ја немавме, ако беше онаа старата што ја вратија сега популистички предизборно откако видоа дека целата економска политика им се урна, тогаш и тука ќе имавме потфрлања најмалку 10%, објасни Мицкоски.
Мицкоски додаде дека 4.2 или 4.3 милијадри денари УЈП имаат соберено помалку од она што го планирале. И затоа сега владата ги правда преку земање на нови заеми. Владата дури вчера зеде заем од 8 милиони евра. Поради тоа сега во македонскиот буџет има дупка.
Мицкоски го посочи случајот во кој биле префрлени над триесетина милиони евра во Македонски енергетски ресурси. Според него не се точни тврдењата на министерката за финансии Нина Ангеловска, која еден месец тврдеше дека има реализација на капиталните инвестиции од 78%.
Како може да тврди кога таа на 10 декември тврдеше едно, но доколку ја прашавте на 10 јануари истата таа министерка ќе ви кажеше дека не е така. А зошто не е така? Затоа што парите биле префрлени од Министерството за финансии до МЕР за да го откупат делот во ГА-МА , од 35 до 36 милиони за да после тоа на 10 јануари истата таа министерка рече дека „сега добивме информација дека всушност не се потрошени тие пари“. Во суштина капиталните инвестиции пораснаа затоа што навидум биле префрлени триесетина и нешто милиони евра во МЕР (Македонски енергетски ресурси), кој што требало да го докупи делот во ГА-МА. Нормално тоа не се случило и сега што правиме? Еве повторно уште една лага, кажа Мицкоски.