Ова е прв чекор и би сакал да кулмунира со заедничка коалиција пред локалните избори, рече Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот на конференцијата „Конзервативните народни партии градат мостови кон заедничка европска иднина“ која попладнево се одржува во хотелот Хилтон во Скопје, а во врска со можното коалицирање со партиите на Зијадин Села и Африм Гаши, Алијансата на Албанците и Алтернатива чии лидери присуствуаат на панел дискусијата на десничарските партии.
На конференцијата чија главна цел е да се изградат мостови на соработка ќе учествуваат и гости од Косово, односно Арбен Кашаху од Демократската партија на Албанија на Љуљзим Баша, а ќе имаат онлајн обраќање и претставници и од Демократската лига на Косово, основана од Ибрахим Ругова, а чиј претседател е Иса Мустафа.
Мицкоски најави дека поздравен говор преку онлајн вклучување ќе има и Пауло Рангел, потпретседателот на ЕПП.
– За нас ова претставува посебен момент бидејќи покрај нас покрај коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива тука се и претставници од нашата сестринска партија од Албанија, Демократската партија која што ја предводи мојот пријател господинот Љуљзим Баша со кој што имаме исклучително квалитетна соработка и во рамките на Европската народна партија.
Повеќе >> Плус Инфо