Зголемувањето на цената на струјата не е политичка одлука децидна е директорката на МЕПСО, Ева Шуклева.
Според неа зголемувањето е наметнато од реалните приливи и трошоци на МЕПСО. Директорката Шуклева согласна, дека во државата постои социјална категорија на луѓе, на кои тешко ќе им падне поскапувањето на цената на струјата.
-Да постои социјална категорија која може да се субвенционира со различни пакети од државата меѓутоа не и струјата. Струјата не треба да биде социјална категорија … Затоа МЕПСО не може,не дека не сака. Ние знаеме каква е ситуацијата во државата ,сите нас и мене ми е поскапена струјата, врз сите влијае тоа. Меѓутоа компанијата мора да продолжи да работи.“, вели Ева Шуклева.
Од 70 проценти колку што АД МЕПСО има побарано во нивниот дел на покачување на струјата, компанијата добила само 11 проценти.
-Знаевме дека тоа е непопуларна мерка. Нашиот дел кој го побаравме е 70 посто, а добивме 11 посто во некоја просечна сметка ќе влијаеше 23 денари тоа беше нашата пресметка ние побаравме 70 посто добивме 11.Нашиот удел во поскапувањето е некои си 5 денари. Не веруваме дека поскапувањето на електрична енергија ќе влијае врз потрошувачката, рече Шуклева.
АД МЕПСО учествува со само 4,2 проценти во вкупната цена на електрична енергија, вели Шуклева. Не можат да отстапат од барањето за покачување на струјата, затоа што потоа, како што вели , некој од нив ќе побара одговорност од за реалното претставување на трошоците.
Извор: www.mbh.mk