Марија Пијанманова, од пред неколку години Плевнеш, со нејзиниот сопруг Константин живее во Париз, но постојано шетаат низ светот и уживаат во убавините. Овој пар на широката јавност и стана познат по гостувањето во медиумите каде ја покажаа нивната необична љубов. Марија ужива во бракот со Константин, кој, како што вели, ја запросува секој ден, на најубавите места во Париз, Амстердам или дома. Но, демначите на нивната љубов, душебрижниците поведени од рушење на бракот на еден пар, кој се разведува пред јавноста, си дадоа за право, како што вели таа, да ги споредуваат со нив. Токму тоа неколку дена ја натера Марија да напише пост на нејзиниот Фејсбук профил и уште еднаш да ја објасни уникатноста на љубовта и бракот со Константин. За сите кои не ја разбрале таа за ММС реши уште еднаш да го објасни својот животен пат, живот како принцеза, додека живеела во родитлскиот дом, и бракот со Константин во градот на љубовта-Париз.
Што те натера да напишеш ваков пост? Кому му се правдаш?
-Сакам да ги потсетам сите дека пред бракот со мојот сопруг, немав негативни коментари никогаш на социјалните мрежи, само добра и позитивна мисла добивав секогаш. Бев речиси омилена, имав од порталите покани за интервјуа и бев прикажана јас вистинската , во мојот вистински сјај и суперлативи. Имаше постови самоиницијативно од портали каде објавуваа дека сум јас една од најзгодните македонки, дипломиран историчар на уметност и новинар, јас бев свртена кон уметноста. И тогаш под тие постови немаше ниту еден напад и лош збор за мене, бев убавица, мила, позитивна и искрена личност, која ги сака луѓето, а и тие ја сакаат неа. Така и ми возвраќаа. Секогаш со пофалби и почит. Го напишав постот за да ги потсетам на љубопитните “демначи” дека јас сум истата личност. Затоа што според обраќањето кон мене на некои сегашни портали, дрско и безобразно, без прашање за моја изјава, прераскажана сум според споредбите злонамерно, како личност од “ноќниот скопски живот”, која за пари живее во некој брак со понижен и очаен сопруг. Пластична и фотошопирана…?
Зошто те споредуваат со некои госпоѓи, па ти живееш во Париз?
-Јас не знам која е госпоѓата и не ги следам и читам македонските портали, но бев принудена да прочитам текст за фамилијарна криза,која јавно се пласирала по порталите, додека сум на патување и престојувам цел месец во Амстердам. За да кажам сега дека јас и мојот сакан сопруг Константин сме се што тој брачен пар во криза ( им посакувам среќен крај) не е. Нашиот свет е толку уникатен, изолиран од малограѓанштини, заштитен од примитивци. Јас ставам лични постови на инстаграм и лајф видеа од среќните и уникатни мигови од заедничкиот живот со сопругот, и нашиот живот изобилува со среќно волшебни моменти, мигови поминати во театар со претстави/ спектакли во Париз, кој ретко кој може да ги доживее, или види, секојдневни изложби во Лувр. Имав изненадување од сопругот да влезам лично сама во ВИП оддделот за да ја гледам сама Мона Лиза, нешто што е дозволено само во филмовите и светските музички видеа. Се чувствувам величествено, исполнето и среќно постојано и тоа е неспоредливо со ништо друго, а најмалку со некоја брачна сага ставена на јавен линч од малограѓанска малициозност. Мислам дека некој долго време се обидува да ни го сруши заедничкиот живот со сопругот и креира омраза, иритира “проста маса“ со провоцирачки и омаловажувачки постови. Мојот сопруг има обичај да ја изрази својата љубов на специфичен романтичен начин, растел нели во романтичниот Париз , и да клекне пред луѓе насекаде во Европа каде што патуваме и да ме запроси, како на пример во една градина на парискиот Ritz Carlton пред пирамидата во Лувр, во славната галерија Лафајет на сред ескалатор, пред каналите на Амстердам, насекаде… и одлично да се забавуваме, уживаме и се смееме. Некој злобно сака да ни ја урне уникатноста, да ни го засени сјајот, да ни ја блокира слободата на изразување, на слободоумност. Ние сме поведени во животот пред нас со светска мисла, мојот слоган е “ Париз е мој”. Сакам да речам дека победувам, омилена сум и во Париз, зошто да се преоптеретувам со удари на портали кои ми мислат само лошо, и ме опишуваат во жаргон кој јас ниту го применувам, ме ставаат во ист ќош со луѓе со кои никогаш не се мешам и не му припаѓам ( ова е јавно “ силување” бидејќо јас сум многу избирлива и изолирана по природа личност) .
Повеќе >> ММС