Според оваа класификација, со македонски пасош може слободно без виза да се патува во 123 земји ширум светот.
На врвот на листата е пасошот на Јапонија со кој без виза може да се патува во 191 држава, а потоа следуваат патните исправи на Сингапур, кој има безвизен режим со 190 земји, додека на делба на третото место се Јужна Кореја и Германија, чии државјани слободно може да патуваат во 189 држави.
На листата на „најмоќни пасоши” потоа како четврти следуваат Италија и Финска со безвизен режим во 188 земји, петти се Шпанија, Луксембург и Данска, со чии патни исправи може да се патува во 187 држави, а шести се патните исправи на Шведска и Франција со кои без визи може да се патува во 186 земји.
Од земјите во регионот, најдобро рангирана е Грција на делба на осмото место со безвизен режим со 184 земји, а потоа следат Словенија (11-та/безвизен режим со 180 држави), Романија (17-та/безвизен режим со 172 земји), Бугарија (18-та/безвизен режим со 171 држава), Хрватска (20-та/безвизен режим со 169 земји), Србија (39-та/безвизен режим со 133 држави), Црна Гора (46-та/безвизен режим со 124 земји), Босна и Херцеговина (52-ра/безвизен режим со 117 држави), Албанија (54-та/безвизен режим со 114 земји), Турција (55-то/безвизен режим со 111 држави) и Косово (99-то/безвизен режим со 40 земји).
Последен на листата, како 107-ми, е пасошот на Авганистан со кој може да се патува без виза во само 26 држави, а пред него се патните исправи на Ирак (106/безвизен режим со 28 земји) и Сирија (105/безвизен режим со 29 држави).
Авторите на листата на „Хенли Паспорт Индекс” за 2020 година оценуваат дека слободата на патување е во силна корелација со другите видови на слободи, почнувајќи од економската, до политичка, како и индивидуална и човечка слобода.
– Постои јасна поврзаност и помеѓу визната либерализација и слободата на инвестирање. Државите кои се високо рангирани според слободата на инвестирање генерално имаат и помоќни пасоши, се заклучува во анализата.