Статис на Љупчо Зиков:
Нас нема да не убие корона вирусот. Ќе не убие сеирџиството, барањето алиби за нашата неспособност и склоноста од се да направиме една голема заебанција.
Ме мачи помислата дека ова агресивното седење дома, по дома и сеир гледање со се паламудење на интернет полека почнува да ни се допаѓа. Тоа е најголемата опасност, а не вирусот!
Само да не ни стане природна состојба. Тек тогаш ќе си е…е мамата и со економијата, и со стандардот па и со здравјето ако сакате.
Во овој момент сме дури и добри. Ма супер сме.
И да го поздравам Филипче, неговиот тим и сите ангажирани доктори, одлични се. Тие си ја работат својата работа.
Нашиот проблем е сосема друг!
Затоа сакам да ја завршам тезата во проблемот! Сметам дека сите мерки и размислувања сега треба да бидат насочени во правец на тоа кога бре ќе тргнеме на работа, а не кога и колку ќе седиме дома.
И замислете на толку неподнослива леснотија на седење дома државата да помогнела. Цицка да ни даде, да си поцицаме. Од каде толку млеко бре!
А на овие телевизиите наши, на сите по една се јавуваат лица кои уште велат уште поригорозно да било. Малку им било од петок до понеделник да седеле дома на товење да се дебелеат. Требало цела недела дома да се седело.
Друштво мое по долината на Вардар. Не е добро вака ова, гледајте сите на крај со среден прст у уста да не останеме.
Европсите држави почнуваат да се будат, речиси цела ЕУ на крајот на април ќе биде економски оперативна. Ваљда следите!
Дури и Италија и Шпанија. Затоа што ја сватиле опасноста.
Најголемата опасност по нас ќе биде моментот кога тие ќе заживеат, ние уште да спиеме. Мислам дека е најдобро да размислиме полека или побрзо да ја менуваме стратегијата.
Во спротивно имаме проблем. Многу поголем од корона вирусот.