За децата на поранешниот премиер и претседател на Република Македонија се познати малку нешта. Бранко Црвенковски, поранешниот лидер на политичката партија СДСМ, заедно со сопругата Јасна Црвенковска има две деца, синот Љупчо и ќерката Марија.
За синот Љупчо на јавноста и се познати многу малку работи, а за ќерката Марија не е познато речиси ништо.
Љупчо Црвенковски не се експонира во јавноста, не гради политичка кариера како неговиот татко, а и социјалните мрежи ретко ги користи. Тој има дипломирано на Економскиот факултет на државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Љупчо во јавноста се има појавено само неколку пати, од кои еднаш како поддршка на својот татко на 24 декември, црниот понеделник, каде заедно со својот татко застана во првите борбени редови, пред Собранието од каде насилно беа исфрлени пратениците од опозицијата и новинарите.
Тие што го познаваат, велат дека Љупчо е скромно, мирно и повлечено момче кое не сака да се експонира.