Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев денеска најави одржување лидерска средба до крајот на годинава. Рече дека очекува да ја свика шефот на државата, Стево Пендаровски, но ако тоа не се случи, тогаш иницијативата ќе ја „потегне“ тој.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, најави дека неговата партија нема да учествува ако лидерската ја организира Пендаровски.
И Заев и Мицкоски се согласни дека на средбата треба да стане збор за корона кризата, евроинтеграциите и другите прашања кои се од интерес на граѓаните.
-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повика претседателот на државата да свика лидерска средба, но, не сум во тек што се случува.
Доколку не се свика таква лидерска средба, јас би го контактирал денеска-утре претседателот на државата за една таква намера, доколку не, веројатно јас до крајот на годината ќе свикам лидерска средба и заради евроинтеграциите, но и заради справување со ковид-кризата и за сите груги сфери на интерс за граѓаните за кои би можеле да дискутираме на средбата, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по отчетот за сработеното во првите 100 дена.
Повеќе >> Сител