Надетнички соединување во СДСМ нема, вели во изјава за Слободен печат, Реџеп Исмаил – Хактан, член на Президиумот на Левица и ностител на листат на ова партија во Избораната единица два на последниве парламентарни Избори. Тој, нагласува дека таков вид соединување е можно – и согласно тоа би било релевантно – само доколку тоа се случи на политичка платворма која не спроведува етнички агенди.
-Според досегашната политичката практика на владата предводена од СДСМ, тоа не е случај, баш напротив… Инаку во СДСМ единствено постои, и опстојува, клиенталистичко единство, и албанците во СДСМ служат само како декор за релативизирање на таквиот клиентаизам, како и за прикривање на политикантскиот пазар кој партијата го прави само за да остане на власт – изјави за Исмаил за Слободен печат.
За разлика од СДСМ, тој потенцира дека Левица не ги селектира членовите по нивната етничка припадност, бидејќи, додава тој, тоа го прави самиот државен апарат и политички систем во целост. -Ова е директна спротивсност на концептот на граѓанското општество, со кој толку многу наоколу мафтаат од владејачката партија СДСМ. И оттука се гледа нивната идеолошка шизофренија; од една страна промовираат граѓанско општество, а од друга, не само што не го менуваат политичкиот систем кој прави етнички поделби, туку и го унапредуваат, па дури и со одлуката за субвенционирање на приватни компании кои ќе вработуваат по етнички клуч, тие сакаат да го прелеат во приватниот сектор- оценува Реџеп Исмаил – Хактан, член на Президиумот на Левица.
Повеќе >> Слободен Печат