Морав итно до ГТЦ до салон на А1, неодложно, скоро се е отворено, луѓе си шпацираат, СЕГА И ЈАС СУМ ВЕЌЕ ИСПЛАШЕН!
Пред дуќани пушат цигари со ракавици и на нив и маска спуштена под брада, храна продаваат и наплаќаат со истите ракавици!
Слушате ли бе луѓе нешто вие, гледате ли тв, катаклизма ќе ни се деси, очигледно џабе трубиме! Каква е оваа вонредна состојба???
Фејсбук објава на претседателот на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари (АСМЛ), д-р Ненад Лазаров, револтиран од несериозниот однос на граѓаните и непочитување на препораките за заштита од коронавирусот.
„Не ни ги трошете маските и ракавиците залудно, по ординации немаме СКОРО НИКАКВА заштита ради неписмен народ кој апсолутно погрешно ги користи, а купува и последна количина!
Големи компании, наместо на вработените, донирајте заштитен материјал на ординации, вашите вработени е сосема доволно ако им наложите да мијат раце по секој контакт со муштерија! Ем нема да создавате дефицит, ем ќе помогнете директно!“, објави д-р Лазаров во друга своја објава на Фејсбук поврзана со недостатокот и несовесното користење на маските и ракавиците за заштита од коронавирусот.