Многумина од вас ќе се изненадат со насловот на мојата денешна колумна, што ја именував со зборот ЧЕ, всушност името е за еден од најголемите револуционери на 20 век, а тоа е Че Гевара, роден во Аргентина, дипломиран лекар, а по повик, убедување и идентитет РЕВОЛУЦИОНЕР!!!.
Неговата харизма, неговите лик и дело, дури овие последни години, светските сили во името на Соединетите Американски Држави и ЕУ, дозволија да се објават оригинални снимки од неговата богата биографија и неговото делување.
Неговиот лик, кој што во сите делови од земјината топка е препознаен, е толку силен што дури и денес после повеќе од 53 години од неговото убиство во Боливија, станува еден од најиконичните ликови на минатиот век, кој зад себе остави низа политички последици што денес ги обележуваат не само Јужно-Американскиот и Африканскиот континент, туку и целиот свет и сите политички процеси. Копнежот да се биде посветен, чесен и храбар како Че, останува утопија за денешното наличје на политичкиот свет.
Полека но сигурно, историјата му го дава своето место во севкупниот динамичен развој во геополитичките и економски придобивки на 20 век.
Во екот на Студената војна која траеше од половината на 50-те години, сѐ до крајот на 80-те години од минатиот век, Че Гевара остана најмоќната личност во промовирањето на социјалистичките и комунистичките идеи, како најприфатливи политички системи за следните генерации!!!.
Во изминатите 4 децении во најразвиените империјалистички и неоколонијални држави, тој беше најомразен лик бидејќи беше левичар, а со своето делување ја поткопуваше приватноста на секој поединец, во интерес на целата заедница – со еден збор за цело време на постоење на комунизмот и социјализмот Че Гевара останува како најдоминантна личност за промоција на системот кој проповеда солидарност и добробит за сите, а кој, за жал е далеку зад нас.
Почитувани, малата сторија за ликот и делото на Че Гевара беше повод за мојата денешна колумна, користејќи го неговиот животен императив – постојан револуционерен порив, непрекината РЕВОЛУЦИЈА!!!.
Повеќе >> Колумна на Трифун Костовски