Ниту има 3456 фотографии со Бојан Јовановски, ниту биле блиски, ниту има врска со Меѓународниот сојуз, а уште помалку бил дел од рекетот што го вршел Боки 13, изјави Александар Кирацовски веднаш по распитот во Специјалното обвнителство за организран криминал и корупција.
Пратеникот од СДСМ и доскорашен генрален секретар на партијата рече дека на распитот се појавил во својство на сведок во случајот „Рекет“.
Не знаев дека Боки 13 вршел рекет. Апсолутно не. Како политичари комуницираме со многу личности, но тоа не им дава право тие да прават криминал. Од нас многумина бараат да се фотографираат и се надевам многумина тоа не го злоупотребуваат. Не сметам дека секој што се сликал со него направил какво било зло, рече Кирацовски.
На прашањето какви односи имал со Бојан Јовановски, Кирацовски рече дека учествувал во ТВ емисија, во дебата и „ништо повеќе од тоа“.
Мислам дека истрагата има правилен тек. Нема никаква врска истрагата со мене и со Кичеец, Камчев и тнт. Јас бев повикан за нешто друго. Не можам да откривам детали од истрагата, но јас сум во форма на сведок за нешто што имам информации. Имам само една фотографија со Бојан Јованвски, сакаше да се слика со мене, дека сум политичар, позната личност, изјави тој.
Кирацовски рече дека не ги познава Орце Камчев, Катица Јанева, Зоки Кичеец ниту има желба да ги запознае. Тој додаде дека „наша слабост е што не сме знаеле што се случува“ и оти „ние треба да излеземе како победници, на видело да излее правдата и вистината“.
Во врска со проектот за старски домови и евебтуалната негова вмешаност во тој проект во има сомнеж дека е клучена невладината Меѓународен сојуз на Боки 13, Кирацовски рече дека „истрагата треба да потврди што се случувало со проектот за старски домови, проект кој за жал е инкриминиран“.
Тој нагласи дека се надева оти „од денес ќе заврши ширењето клажни вести, туку ќе преовладуваат аргументите и вистината“.