Универзитетскиот професор Јове Кекеновски се огласи на Фејсбук, по вчерашниот говор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека опозицискиот лидер и неговата партија бесрамно лажат и манипулираат и немаат намера да го вратат името на државата и да го поништат договорот со Грција.
„Како тоа никогаш Северна секогаш Македонија кога: наметнатнатиот лидер и раководство свесно не ја спречија промената на името. 8 нивни пратеници гласаа за промена на името, а други чекаа да им кажат како да гласаат, наметнатиот лидер во емисија кај Јанко ,,Јади бурек” јавно призна дека Преспанскиот договор и променетото име се реалност и за да не биде лицемерен (бидејќи земал плата од државата) ке го почитувал тоа, поради немање јасен и цврст став на партијата по однос на Преспанскиот договор по чие потпишување се промени името на нашата држава скоро половина членство гласаше на референдумот, нивниот лидер во 11.55 се одлучува да не излезе на референдумот. Дотогаш калкулираше и чекаше да види каква е излезноста. Цело раководство постојано пелтечи дека доколку освојат 2/3 од вкупниот број пратеници ќе го врателе името, иако знаат дека тоа ни пратично ниту теоретски е можно“ напиша Кекеновски на Фејсбук.