По министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, која во интервју за најголемата бугарска Телевизија БТВ најави вето за Македонија, вечерва и министерот за одбрана на Бугарија и вицепремиер, Красимир Каракачанов ја потврди истата бугарска позиција.
Во интервјуто за Канал 3, Каракачанов изрази подготвеност да преговара со македонската страна и на Коледе и на Нова година и на Божиќ само да се најде решение за спорот. Но во овој момент, како што вели Каракачанов, тој не гледа подготвеност кај македонската страна да финишира целиот процес.
Во изминатите денови имаше долги средби меѓу Каракачанов и македонскиот премиер Зоран Заев да се најде решение. Извори кои се информирани за работите велат дека Заев и Каракачанов разговарале повеќе од осум часови, што во живо за време на посетата на Заев на Софија, што преку скајп.
Заев дури понудил неколку кадровски решенија и функции за луѓе блиски на Каракачанов како би била стентирана целата работа, но ниту тоа не помогнало. На крајот по осум часови преговори се договориле дека не можеле да се договорат.
Инаку во интервјуто за Канал 3 бугарскиот министер за одбрана вели дека темата Македонија не е решена сто години, а вие сакате ние да ја решиме за 15 години. Треба да бидеме среќни ако ја решиме во следните 15 години, вели Каракачанов.
Извор: Во центар