Статус на Јорданка Ивановска – Јоци:
СДСМ да престане да игра по нотите на ВМРО-ДПМНЕ, да лупне на маса и конечно да закаже избори.
Од 21 јуни, 5 јули, сега се споменува 8 јули⁉️ Државава отиде надолу со техничка Влада. И со секој нов ден, тонеме повеќе и повеќе.
Дечки, до кога ќе се возите во крнтијата на #Мицкоски? И имено ќе ги слушаме како дрндаат по пресови едно те исто, а за тоа време нивниот #Наќе #Чулев распишува тендери за кои немаме поим. Не знаеме колку пари и за што троши.
А, што донесе неговото охрабрување за неказнување и тоа знаеме.
Во Србија полицијата ја заврши најголемата работа за време на пандемија, со казнување и со ригорозни мерки за несовесните. Ама тие го немаат Чулев и ,,техничка”. Имаа стабилна Влада.
Лично сметам дека 21 јуни беше одличен термин. Како што одиме во маркет, по банки, по пазари, како што луѓе се возат во бус, така и ќе гласаме.
Во јули веќе температурите растат. Ако се отворат граници, луѓе ќе нагрнат во Грција.
СДСМ, Мицкоски, ви го губи времето.
Време ви е да се разбудите.