Статус на Јорданка Ивановска – Јоци:
А кој е интересот на ВМРО-ДПМНЕ и #Мицкоски во Собрание да прават кворум за истиот Закон со кој се овозможи профит на приватни болници, поточно на Камчев за кој чувме колку Мицкоски му е благодарен што му помогнал?
Какви се овие вмровски пресови со кои Мицкоски ја смета јавноста за глупа, поглупа, најглупа и мисли дека таа е негово јојо? Тоа што Мицкоски не е власт, не значи дека не помага на власта! Взаемен интерес, од авион се гледа.
Откако вмровци направија кворум, сега се расфрлаат со бледи соопштенија за наводно барање виновник за бенефити од тој ист Закон, додека бројките на умрени растат, а јавноста е бесна!
Вмровци беа во салата за темава, гласаа ,,воздржано” – ни ,,за”, ни ,,против”⁉️
На народот му е преку глава од вакви излитени драмски фолирања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, наспроти очебиен нивен договор да профитираат тајкуните, миленици и на едните и на другите.
Цитат:
„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат на седницата, ќе направат кворум, ама ќе гласаат воздржано, затоа што повторно не наидовме на добра волја од страна на Владата и Министерството за здравство за одредени мерки“, изјави координаторот на пратеничката група на опозициската партија.